Реклама
Вирално

Еве зошто Ангела Меркел никогаш не носи маска и не се плаши од коронавирусот – нејзиниот одговор ги шокираше сите

Реклама

Германската канцеларка Ангела Меркел досега никогаш не сме ја виделе како носи маска, па таа остава впечаток како да не е премногу загрижена за своето здравје.

Но всушност не станува збор за тоа дали се плаши или не, туку Меркел постојано ја почитува мерката за држење дистанца, а кога не може да го направи тоа, и таа како и сите совесни граѓани, носи заштитна маска на лицето.

Маркетинг

Имено, германската канцеларка во понеделникот изјави дека досега не е видена со маска за лице, иако ја носи кога на пример оди да купува намирници, затоа што ги чува во тајност имињата на продавниците во кои оди во шопинг. Канцеларката се насмеа кога на конференцијата за медиуми на која беше присутен и францускиот претседател Емануел Макрон еден новинар ѝ го постави прашањето поврзано со носењето, односно неносењето маска.

„Доколку ги почитувам правилата за дистанца, тогаш не ми треба маска!“ изјави канцеларката.

Маркетинг

„Сепак кога не можам тоа да го направам, како на пример кога одам во продавница, тогаш очигледно не сме се сретнале бидејќи во тој случај би ме виделе со маска.“

„Но нема да ви кажам како одам во продавница“, му одговори со насмевка канцеларката.

Инаку, Меркел во моментов се соочува со пораст на популарноста заради начинот на кој управува со коронакризата во земјата, со која Германија многу подобро се носи од повеќето нејзини европски соседи благодарение на раширеното тестирање, робусниот здравствен систем и големиот пакет за поддршка на економијата.

И Американците воодушевени од Меркел

Германската канцеларка има диплома и докторат по квантна хемија, што несомнено ја прави да биде една од најквалификуваните лидери на една земја за време на пандемијата со вирусот корона.

Во видеото кое беше хит на социјалните мрежи, Меркел објасни зошто укинувањето на мерките бара претпазливост и го опиша експоненцијалниот пораст на бројот на заболени. Таа исто така објасни колку може едно заразено лице да зарази други и дека прави голема разлика во тоа како ќе функционира здравствениот систем.

 

И покрај тоа што видеото во кое Меркел објаснува е на германски јазик, тоа преку ноќ се рашири низ целиот свет, покажувајќи колку луѓето ја ценат паметната, школувана личност, и колку е голема разликата во споредба со некои други светски лидери.

„Таа е политичар што ги разбира основните бројки. Многу други ќе се обидат да одржат говор за нешто што дури и не го разбираат“, „Нервозен сум кога политичарите ги објаснуваат ефектите од експоненцијалниот раст со причини и последици. Ова е толку освежувачко“. „Она кога одеднаш се гордеете што сте Германец и не знаете како да се носите со тоа. Во споредба со многу други земји, ова е мојот омилен одговор на кризата. Јас не сум голем обожавател на Меркел, но ми се допаѓа нејзиниот одговор на оваа криза ‘, се само неколку коментари за објаснувањето на Ангела Меркел.

Извор: Хајат, Гламур

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button