Реклама
Наши ѕвезди

Драгана Мирковиќ конечно откри како изгледа и што прави нејзиниот мистериозен син

Реклама

Познатата фолк-пејачка Драгана Мирковиќ од бракот со сопругот Тони Бијелица има две деца – синот Марко и ќерката Мануела. Тие и двајцата многу ретко се експонираат во јавноста и водат живот зад затворени врати.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Како тие изгледаат до скоро беше непознато, а нејзиниот осумнаесетгодишен син прв пат се појави во јавност на еден настан. Во прашање е хуманитарна авто-трка на стаза во Хокенхајм во Германија

„За време на трката бев како на игли, но не дозволував тоа да се види, и цело време сите го бодревме. Кога трката заврши и кога ми покажа колку е способен и добар шофер, ми олесна“, раскажува за „Глорија“ Драгана.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Таа како и секоја друга загрижена мајка, му дала неколку совети пред трката, а пред се да ја сфати како разонода, а не натпревар во кој мора да победи.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

„Мојот совет беше да вози со студена глава и сето тоа да го сфати како разонода, а не како натпревар. Како мајка му кажав дека го сакам, дека сум горда, но и да не заборави дека сите сме тука и го гледаме, па во склад со тоа и да се обидува да не ни прави преголем и непотребен стрес. Знам дека тоа е своевидна емотивна уцена, но не можев да издржам, беше посилно од мене. Но на крај се беше одлично, беше добро подготвен и сјајно возеше“, заклучи таа.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/B24oIARnkr9/?utm_source=ig_embed

 

Мирковиќ додаде и дека не би сакала нејзиниот син да стане професионален возач и дека искрено се надева дека брзите коли ќе му останат само хоби.

Извор: Kurir.rs

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button