Реклама
Вирално

Доктор Даниела од ковид амбулантата испрати моќна порака: Не смеам да напиша колку пациенти преживуваат на респиратор, луѓе бидете сериозни!

Реклама

Даниела Мусулин работи во ковид амбуланта, и нејзината смена трае и по 12 часа. Нема време за тоалет, нема апетит.

Нејзиниот статус на Фејсбук предизвиква бројни реакции, зошто за кажува вистината со која се соочува секој ден на работното место.

Маркетинг

„Ноќ, 3 часот. Последниот оброк ми беше пред 15 часа. Немам апетит. Тоа што на сликите ќе се наместиме и ќе се насмевнеме тоа е само за слика…но … во реалноста нашата смена е 12 часа на нозе, само тоалет и тоа едвај 2-3 пати, мокри сме во оделата, а пред ковид амбулантата колона болни, кутрите и ние и тие, се почесто на јадеме, се помалку се смееме…

Би плачела… Не е добро ова… Д-р Миле почина во борбата со короната, 11 дена беше на респиратор, мојот другар од студии, мој колега од студии, од кога слушнав повеќе не сум јас, станав сенка која работи. Друг колега ми е 18 дена на инфективно, борбата трае, интензивна единица, мислам не него, секој може да биде пациент…Не смеам да напишам колкав процент од луѓето го преживуваат респираторот. Вие сте многу, ние малку и ние се разболуваме од таа иста корона… Луѓе бидете сериозни… Никаде без маска, каква матура, какво полнолетство, свадби, ручеци, базен“.

Маркетинг

Во Србија состојбата со коронавирусот е алармантна па според најновите податоци регистрирани се 287 новозаболени и 11 починати лица.

Прво за Србите се затвори грчката граница, а потоа и хрватската, а денеска студен туш пристигна и од Унгарија. Сето тоа е порад неповолната епидемиолошка состојба во земјата поради што денеска се очекуваат и нови карантински мерки и забрани, се со цел да се намали бројот на новозаболени и да се спречи ширењето на заразата од ковид-19.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button