Реклама
TV

Данијела Мартиновиќ откри како инспекторот Јосип го освои нејзиното срце: Веднаш знаев дека е посебен- покрај него ја пронајде среќата откако Грашо ја остави за друга!

Конечно е среќна и исполнета...

Реклама

Пејачката Данијела Мартиновиќ долго време по разделбата со Петар Грашо долго време не зборуваше за љубовниот живот, но сега конечно реши јавно да прозбори за среќата која ја пронајде покрај инспекторот Јосип Павиќ.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Маркетинг

Пејачката конечно откри како Јосип и го привлекол вниманието.

Маркетинг

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Таа вели дека првото нешто на кое се сеќава кога ќе помисли на моментот кога се запознале е бојата на неговиот глас.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

– Иако разговорот беше официјален, а ситуацијата во која се најдов ми беше сосема непозната, зрачеше смиреност и мир. На самиот крај од разговорот, наместо „збогум“, ми рече: „Нека те прати насмевка.“ Веднаш знаев дека тој е посебна личност. Јосип е цврсто закотвен, нема тензии со него, секогаш наоѓа начин и пристапува на се темелно, изјави Данијела за Story.hr.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

За Јосип, вели дека го интересираат многу работи.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

– Игра пејнтбол, има рок бенд за кој ги компонираше повеќето песни, а готвењето го опушта па често ме изненадува со неговата мала кулинарска магија. Понекогаш патува со мене на концерти, кога обврските му дозволуваат, вели пејачката.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Данијела неодамна ја објави книгата „Туширање на душата“, а Јосип не бил запознаен со содржината на целата книга.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

– Беше запознаен само со одредени делови, а дури кога беше отпечатена книгата ја прочита во целост. Потоа ми рече: „Верувам дека многу луѓе ќе најдат смисла во предизвикувачките моменти од својот живот читајќи ја и ќе ги разберат пораките и ќе се присетат на убавите и на помалку убавите периоди“, рече Данијела.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Да потсетиме, Данијела се запознала со Плавиќ кога нејзиниот адвокат пред околу една година преку Интернет поднел пријава за кражба на идентитет. Полицијата брзо го решила случајот, а пејачката и инспекторот продолжиле да се гледаат а таа не крие дека покрај него ја пронашла среќата.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button