Реклама
Наши ѕвезди

Гоце Тодоровски напрaвил големa животна промена поради Ванчо Петрушевски: „Татко ми ќе ме oтeпаше“

Реклама

Асоцира на култните македонски приказни, филмови, серии. Тој е еден од најреномираните македонски актери. „Хихирику“, македонски народни приказни, „Солунски патрдии“, „Бушава азбука“ се само дел од неговите појавувања.

Роден е во Кичево, но живеел во Црна Гора и Србија, пред да дојде во Скопје.

Маркетинг

Гоце Тодоровски е актер од златната генерација, кој секогаш има за што интересно да зборува.

Во своето гостување во емисијата „Магазин“ на Сител телевизија актерот раскажуваше за времето додека се снимаа оние стари македонски приказни со кои сите пораснавме.

Маркетинг

И покрај тоа што веќе е во пензија, тој и понатаму е активен и има свои проекти на кои работи.

ФОТО: Гоце Тодоровски / Фејсбук

Раскажа и како го поминува времето додека трае пандемијта.

„Кај мене е сѐ е под контрола. Хоби ми е да речеме медицина. Многу се интересирам за сѐ што е во врска со медицината. Но, најважно е да кажам дека воопшто не сум исплашен. Јас го немам тој проблем дека после пандемијата ќе имам психички проблеми.

Се навикнав дома да си седам. Се дружам со лаптопот и си пијам суплементи, односно витамини што се потребни за коронава. Е, сега Боже мој. Се зависи од човекот и од неговиот имунитет“, вели Тодоровски.

Актерот насоро ќе наполни 70 години, но вели дека воопшто не се чувствува како 70-годишник.

„На 30. април полнам 70 години иако никој не ми верува, дури ни јас. Затоа што не се чувствувам како да имам 70 години. И мојата сопруга е исто родена на 30. април, но е помлада 4 години“, кажа актерот и откри на кои проекти работи во моментов:

„Во моментов снимаме повторно македонски народни приказни. Старата екипа е десеткована. Останав само јас и Владе. Ванчо за жал ни отиде. Шенка пишува сценарија, сега се вади дека е стара и не изгледа убаво на камера.

Синхронизираме турски серии. Тие се доста гледани, гледам дека постарата генерација навистина ги прифати. Во театар имам убава претстава, тоа е претставата „Како да огрбиш банка“. Но, многу ми е жал што не работи театарот за да можам да бидам активен. Таа претстава излезе еден месец пред да се пензионирам. Некако му доаѓа како со неа да се пензионирам“, вели Гоце.

ФОТО: Гоце Тодоровски / Фејсбук

Тој истакна дека гледа турски серии и тоа тие во кои тој учествува.

„Напротив гледам турски серии за да видам зошто сум толку добар“, се пошегува актерот. „Ги гледам тие во коишто учествувам јас. За да можам евентуално да се корегирам. Досега од публиката немам замерка како ги толкувам ликовите“, вели тој.

Она што малкумина го знаат за него е дека најпрво тудирал н Градежен факултет, но поради неговиот најдобар пријател Ванчо Петрушевски се префрлил на Драмски факултет. Но, неговите родители не знаеле за тоа.

„Ванчо студираше прва година во Софија глума. А ние бидејќи од деца сме заедно, преку 50 години бевме заедно. Повеќе имам спиено со него, него со жена ми. После првата година кога заврши он, нешто е скараа Бугарија и Маедонија и си ги вратија студентите. Кога бевме на одмор цариникот ни ги зема пасошите и неговиот не му го врати.

Така тој мораше да студира во Скопје. И тој ме натера да се запишам. Јас се противев затоа што татко ми беше воено лице, ќе ме отeпа. Но, се пријавив, прво не примија 11 души, после од тие 11 останавме 7 души, од кои за жал само јас и Ѓокица останавме живи. Дури кога завршив трета година дури тогаш кажав дома дека тудирам глума. На татко ми му се крена косата, но знаеја дека Ванчо ме натерал .

Дојдоа гости и прашаа како синот и моите кажаа одличен на факултет. Кога побараа индекси им реков кој индекс. Им ги покажав двата и во едниот ги покажав сите предмети положени и им реков на родителите дека еден ден ќе се гордеат со мене што сум глумец. Да не беше Ванчо немаше да бидам глумец. Јас бев единствениот глумец кој чекаше две години за да ме примат во Драмски театар. Но, во секој случај станав она што сум денеска“, кажа актерот.

Принтскрин

Тој е еден од малкуте легендарни комичари, кои умеат навистина да ја насмеат публиката.

„Мене не ми е тешко да бидам комичар. Но, тоа не се учи. Мене ми е комедијата во душата. Јас сум така кроен. Јас сум на мајка ми. Она беше весел дух и песнопојка. И јас сум таков. Глумец комичар мораш да се родиш и да сакаш да бидеш комичар. Има луѓе на кои им е под чест да игра комедија и не знам зошто. Процесот на правење на една улога е ист. Дали е комедија или драма е ист.

Нема денес доволно добри комичари кои ќе ги заменат постарите генерации. Нешто ќе се појави некој. Еве театар комедија се трудат да играат комедија, но не е по мој вкус. Еве да речеме Чоревски е глумец кој игра и комедија и драмски улоги и фантастичен е. После доаѓаме ние, јас, Ванчо и толку“, истакна Гоце.

Принтскрин

Тој во емиијата раскажа и за интересни случки кои се случиле за време на снимањата на старите македонски народни приказни.„Имаше интересни случки еве ќе ви кажам со Ванчо и Колозов. Колозов игра цар и Шенка жена му оти ги пишува сценаријата и рече да напише дека царот јаде тулумби, затоа што многу сакаше да јаде тулумби. Му рече на снимателот „ќе изедам една тулумба, а втората половинка кога ќе ја изедам тогаш Ванчо ќе влезе“. Јас му кажав на Ванчо што да му каже.

Колозов ја изеде едната, па ја почна втората и доаѓа Ванчо во улога на сиромав да му се жали на царот. И Колозов му вика му вика „ти рече гладен си, сакаш да каснеш тулумба“, а Ванчо ја гледа тулумбата и му вели „ не сакам“. На прашањето на Колозов зошто не сака, Ванчо одговори „ми е гнас“. После тоа сите се смеевме, а Колозов му рече „од што ти е гнас бе копук еден, нема куче за што да те касне“, раскажа Тодоровски.

ФОТО: Гоце Тодоровски / Фејсбук

Гоце посочи и дека дури и неговите деца имаат растено со неговите приказни.

„Јас претпочитам од приказните во кои јас имам играно, на крај да има наравоучение. Ако нема порака, наравоучение џабе си ја снимал. Може малку неверојатно ќе звучи, кога сите ме прашуваат колку приказни сум снимил, велам околу 550-600. Имам минутажа стоено пред камера само со македонски приказни поголема од Џон Вејн. Смрдам на камера што се вели. Од 84-та почнавме да ги снимаме“, се пошегува тој.

ФОТО: Фејсбук

Тодоровски е горд татко на син и ќерка, кои имаме можност да ги видиме на фотографии на социјалните мрежи. Тој вели дека не им дозволил да се занимаваат со истата професија како него.

„Ја инсистирав да не одат во таа профеија. Ќе живееја во сенка моја. Јас навистина многу потигнав како актер. Тие ќе треба двојно повеќе од мене. 24 часа треба да се работи за ликот кој се толкува.

Трудот на младите треба да им е на прво место. Каафулињата не им бегаат. Јас цело време сум излегувал, но јас цело време сум размислувал за ликот. Затоа никогаш доега не сум направила ниедна грешка во ниеден лик“, заврши актерот.

ФОТО: Гоце Тодоровски / Фејсбук
ФОТО: Гоце Тодоровски / Фејсбук
ФОТО: Гоце Тодоровски / Фејсбук
ФОТО: Гоце Тодоровски / Фејсбук
ФОТО: Гоце Тодоровски / Фејсбук
ФОТО: Гоце Тодоровски / Фејсбук
ФОТО: Гоце Тодоровски / Фејсбук
ФОТО: Гоце Тодоровски / Фејсбук
ФОТО: Гоце Тодоровски / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button