Реклама
Наши ѕвезди

Горат социјалните мрежи поради војната на Анастасија и Јелена Карлеуша: „Будала“, „Лошотилок“ се само благи зборови што си ги упатија

Реклама

Јелена Карлеуша објави подолга порака по гостувањето на Цеца Ражнатовиќ во емисијата „Хит Твит“ на ТВ Пинк, во која Цеца остро вербално се судри со политичарот Чедомир Јовановиќ.

Како што истакна, на тоа чекала 17 години, а ја интересираше – зошто таа била уапсена. Таа спомена дека нејзините деца поминале низ голгота, и дека, кога биле мали, полицијата им вперила пушки во глава, и дека интервентната полиција постојано ги запирала.

Анастасија Ражнатовиќ веднаш потоа се огласи на Инстаграм.

Маркетинг

– Замислете, имате само четири години и четири пушки ќе ви бидат вперени во глава додека отворате очи наутро и додека се будите. Ќе ги замолам квази политичарите да не им се извинуваат за своите деца како страдаат поради некакви наслови во весниците, зошто јас, како некој кој имал четири години, не ни стигнав да ги видам тие наслови, туку само цевките од вашите пушки вперени во мојата слепоочница и мислам дека тоа беше доволно за да бидам апсолутно истрауматизирана – напиша Анастасија и додаде:

– Мислам дека вашите деца сосема добро поминаа. А нашите последици од голготата која ја поминавме, тоа не е важно, нели? Тоа што не глумевте жртви и не се вадевме на насилството кое го доживеавме на четири и шест години, не значи дека не се случило. Срам да ви е! Тие солзи кои сега ги пуштате ние ги леевме како море. Срам да ви е.

Маркетинг

По гостувањето на Цеца и објавата на Анастасија, Јелена напиша дека застанува на страната на полицијата, и дека Цеца требало да им објасни на децата „зошто треба засекогаш да молчат“.

– Се додека осудени криминалци во оваа земја си даваат себе за право полицијата и државата која ги апси за кривични дела ја нарекуваат „срамота и малтретирање“(?!), оваа земја ќе биде за потсмев. Гледам дека Светлана Ражнатовиќ својата ќерка многу убаво ја научила да лаже и да зборува како полицајците ѝ држеле 4 пушки вперени во глава кога имала 4 години?!?!

– Багро, полицијата не ги нишани децата, но затоа тато Аркан нишанеше и старо и младо, продолжи таа.

– Како ќерка на полицаец кој Светлана Ражнатовиќ ја апсеше за најлоши злосторства застанувам во одбрана на полицијата! Злосторникот постојано се буни затоа што е злосторник?!, додаде во објавата.

После тоа се огласи Анастасија.

– А ти будало контрадикторна не си дорасната да коментираш на оваа тема воопшто. Секако си веќе неважна и твојот збор не вреди ниту динар еден, еве ти последен пат ти се обраќам да не помислиш дека си важна, бидејќи повторувам, апсолутно си неважна, е првата објава на Анастасија.

– Те молам, не морализирај, не глуми и не повикувај се на теми за кои никој не те прашува. Го гледам овој твој перформанс „Среќен роденден“ кој му го сними на својот љубовник и можам да ти кажам дека тоа е нешто што најдобро си го отпеала. Ако смееш стави на ЈуТјуб и ќе имаш милион прегледи за 24 часа. Ти гарантирам! Може ќе бидеш и пред мене во трендингот – напиша таа.

Следуваше одговор на Јелена.

– Гледам дека ќерката на воен злосторник се обраќа повторно. Еве последен пат да се позабавам со неважни ликови како неа, па да ѝ одговорам: Убаво е што јавно признаваѓ дека постојано ја гледаш мојата пи***, јасно ти е дека мојата пи*** поубаво пее од тебе, дека е поубава од тебе и дека има повеќе талент и харизма. За трендингот во кој сум неприкосновена на Балканот зошто сум број 1 со недели и кога кинам, ти немој да полемизираш. Ти не си им во ранг ниту на јутјуберите – се дел од пораките на Јелена.

Нивните комплетни објави погледнете ги во тука:

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button