Реклама
Вирално

Големо чудо во Турција – по цели 28 дена од СТРАШНИОТ ЗЕМЈОТРЕС спасителите спасија доберманка со три кученца (видео)

Реклама

По неколку часови макотрпна работа, Мејако, регионалниот тим за спасување животни, успеаја да ја спасат Сила

Фото: Принтскрин/ Ројтерс, Јутјуб

Сила е кучка која остана заробена во еден подрум по земјотресот што предизвика страшни последици во Турција.

Сопственикот на Сила, две и пол годишна доберманка, покрај воодушевувањето бил и изненаден кога видел дека од рушевините на зградата, во која таа остана заробена по страшниот земјотрес, излегуваат не едно, туку четири кучиња, и тоа по 28 дена од земјотресот што го зафати овој регион.

Кадир Кејифли побара од локалните спасители да помогнат да го спаси своето куче од рушевините во турската покраина Хатај.

Маркетинг

Во спасувањето му помогна Мајако, регионалниот тим за спасување на животни. Тие заедно по неколку часови макотрпна работа успеаја да дојат до подрумот каде Сила беше заробена речиси месец дена.

Фото: Принтскрин/ Ројтерс, Јутјуб

Но таа не само што преживеала толку време во подрумот, туку успеала и да се окучи и да роди три мали кученца.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Ројтерс, Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Ројтерс, Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Ројтерс, Јутјуб

„Што пиеше тука? Што јадеше? Твои ли се овие три?“ се прашува еден од спасителите во видеото.

Фото: Принтскрин/ Ројтерс, Јутјуб

Како што откри Кејифли подоцна Сила преживеала благодарение на една голема вреќа со храна за кучиња што останала во подрумот.

Фото: Принтскрин/ Ројтерс, Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Ројтерс, Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Ројтерс, Јутјуб

Спасителите велат дека е ослабната, но може сама да се движи, но и покрај тоа беше однесена во Адана на лечење.

Фото: Принтскрин/ Ројтерс, Јутјуб

Потресите што ги погодија Турција и Сирија минатиот месец однесоа речиси 52 илјади животи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button