Реклама
Новости

Голема трагедија: Почина млада Гранд ѕвезда, изврши самоубиство – неговата сопруга скршена од болка

Семејството и сопругата неутешни по прераната смрт на младиот пејач Мујо Хоџиќ

Реклама

Голема трагедија за целото семејство, но и за сите што го познаваа

Поранешниот учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Мујо Хоџиќ, почина на 26 годишна возраст, а како што пренесуваат медиумите од соседството, пејачот извршил самоубиство така што се обесил во семејниот дом.

Како што пренесува „Гранд.онлајн“, пејачот во последно време имал сериозни психички проблеми заради кои си го одзел животот.

Маркетинг

Мујо меѓу колегите беше познат како одличен и чесен човек, па веста за неговата прерана смрт ги шокираше сите.

Маркетинг
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

На социјалните мрежи бројни колеги и музичари се збогуваат од него со тажни и емотивни пораки што ги објавуваат.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Потсетуваме, Мујо се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ во 2018 година, но не успеа да помине во вториот круг.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Голема болка за целото семејство

Тој на една од своите објави на Фејсбук сподели дека му скршено срцето, а потоа сподели и стихови од Шабан Шаулиќ.

„Nekad bilo moje milo, nekad bilo, a sad ne. Srce više nema snage, ljubav umire…- напиша Мујо во февруари, а истата година по шест месеци објави дека е во врска со Лејла со која уживаше во љубовта, која потоа му стана невеста и беше со него се до денот на неговата прерана смрт.

Социјални мрежи

Трагедијата што се случи во семејниот дом на Хоџиќ ја зави младата Лејла во црно, која се огласи на социјалните мрежи.

„Замина душата моја, сето мое на овој свет“, напиша таа.

Социјални мрежи

Потсетуваме, Мујо ќе биде закопан денес, на 11 април, како што семејството ги извести пријателите и колегите.

Социјални мрежи

„Со голема тага ги известуваме роднините, комшиите и пријателите дека нашиот драг Мујо Хоџиќ се пресели на ахирет, на ден 9 април 2024 година, во 13 часот и во 26 година од животот. Испраќањето ќе биде пред куќата на жалоста во Петровци во четврток на 11 април 2024 година, во 12.15 часот, претпладне намаз, а џенан и закопот на мезаријата Петровци. Ужалените – татко Хусејн, мајка Фуада, сопругата Лејла, брат Недин, тетки Мунира и Недиса“, пишува во некрологот што по смртта на младиот пејач го објави семејството Хоџиќ.

Бонус видео

Настапот на Мујо во „Ѕвездите на Гранд“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button