Реклама
Вирално

Германија донесе шоkантна одлука: Го укина задолжителното носење маски во училиште, родителите бурно реагираат

Реклама

Од 1. септември во германската покраина Северна Рајна Вестфалија повеќе нема обврски за носење на маски во текот на часовите на училиште. Таа одлука предизвика жестоки реакции, и меѓу учениците и кај родителите, како и кај наставниците.

– Застрашувачки е како Министерството за образование на Северна Рајна Вестфалија е брзоплето. Каде се тука концептите кои опрадуваат укинување на задолжителното носење маски?“ напиша на Твитер Мајке Финерн, претседателка на синдикатите на просветните работници на таа покраина.

Маркетинг

Без оглед на затворањето на неколку училишта поради коронавирус, во најмногубројната германска покраина, задолжителното носење маски е укинато на почетокот на месецот. Министерката за образование Ивон Гебауер тврди дека почетокот на училиштето е успешно и дека затоа прописите можат да се ублажат. Меѓутоа, многумина ја критикуваат таа одлука.

Нема план Б

Опозицијата ја обвинува покраинската влада дека нема план, зошто не предложила никакви натамошни заштитни мерки. Од друга страна, министерката Гебауер ја уверува јавноста дека тој чекор е можен затоа што голем број инфекции од почетокот на училишната година е во пад. И тврди „Оваа одлука ја поддржува поголем дел од населението“.

Маркетинг

Една 18-годишна ученичка со која разговаравем исто така смета дека има смисла да се попушта со некои од мерките: „Во училиште не можете да се концентрирате со маска, посебно кога е жешко“.

Речиси 98 отсто од училиштата во Северна Рајна Вестфалија моментално настава држат на училиште, а не онлајн. Само три училишта се целосно затворени.

Држењето дистанца од метар ипол во училница е речиси невозможна. Многумина, вклучувајќи го и претседателот на Здружението на наставници Хајнц – Петер Мајдингер, затоа сметаат дека е потребно да се носи маска на час.

– Тоа е жртва кој сите мора да ја поднесеме, барем привремено, за да го спречиме вториот бран од заразата, изјави Мајдингер.

Одредени училишта одлучија да ја задржат обврската за носење маски. Многу родители ја поддржуваат оваа одлука.

– Мислам дека одлуката за училиштата е одлучна, мојата ќерка подобро се чувствува со маска, вели таткото на една ученичка.

Маска само за наставниците?

Од друга страна, здружението на педијатри смета дека носењето маски е посебно важно за наставниците. Таа тврди дека наставниците често стануваат лица кои шират инфекција, поради тоа што во училницата мора да зборуваат гласно и така преку аеросолот шират вируси. Притоа мора да се земе во предвид дека и тие многу се движат, односно одат во различни простории, зошто предаваа во различни одделенија.

На училиште учениците и наставниците се на многу мала оддалеченост едни од други. Многумина затоа на почетокот на училишната година стравуваа дека вирусот таму би можел посебно брзо да се прошири. Со оглед на тоа дека инфекцијата кај помлади од 18 години обично минува без симптоми, се смета дека тие така би можеле незабележително да пренесат зараза на ранливата група на луѓе, како што се нивните баби, дедовци или на нивните соседи.

Меѓутоа, стапкат ана зараза во училиштата остана досега релатино ниска. Дури и во училиштата со потврдени случаи на коронавирус, не е утврден натпросечен број на антитела кај наставниците и учениците.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button