Реклама
Наши ѕвезди

Гавазова објави преубава вест, од сите страни пристигаат честитки – ова е човекот што ќе го сака засекогаш!

Познатата македонска фолк-пејачка со емотивна порака му го честиташе роденденот на сопругот

Реклама

Пејачката Сузана Гавазова никогаш не криела колку го сака својот сопруг, а сега со една објава фолкерката тоа и го потврди.

Имено, сопругот нa Гавазова, Јасмин Курузовиќ, вчера славеше роденден, а пејачката објави заедничка фотографија со емотивна посвета со која што му го честиташе овој посебен ден на својот сакан.

„Не сакај ме многу. Сакај ме малку, но засекогаш… Среќен роденден љубов моја“, напиша Гавазова во коментарите.

Маркетинг

Инстаграм/ Сузана Гавазова

Таа објави и фотографија на која седат еден покрај друг и на која изгледаат вљубено како и првиот ден.

Маркетинг

Но очигледно одбележувањето на роденденот на социјалните мрежи не заврши со ова, па многу пријатели и следбеници на пејачката во коментарите под заедничката објава му испратија честитки.

Инстаграм/ Сузана Гавазова

Покрај овие честитки, на Гавазова деновиве постојано и пристигнуваат честитки и за нејзиниот нов спот за песната „Далавера“.

Принтскрин/ Јутјуб, Сузана Гавазова

Имено, пејачката спотот го објави деновиве, а во него таа е во главната улога и со својот изглед никого не остави рамнодушен.

Принтскрин/ Јутјуб, Сузана Гавазова

Таа во спотот се појавува со каубојски стајлинг, а провокативните комбинации го истакнуваат нејзиното беспрекорно тело.

Принтскрин/ Јутјуб, Сузана Гавазова

Покрај промоцијата на спотот, Гавазова се подготвува и за турнеја во Австралија на која се очекува да руши рекорди.

Имено, како што може да се види од социјалните мрежи, за нејзините настапи во оваа земја веќе се бара влезница повеќе, а некои од концертите за рекордно време беа распродадени.

Повеќе за ова прочитајте тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button