Реклама
Хороскоп

Во бракот гледа среќа и бара вечна љубов – Животен хороскоп за Бик

Реклама

Мажите родени во овој знак се динамични и енергични. Полни се со енергија која неконтролирано ја расфрлаат.

Ја сака онаа работа која овозможува натпреварување, затоа што сака да победува, но до тие победи да не се доаѓа на тежок начин. Голем е практичар, снаодлив во решавање на проблемите. Неговата девиза е »целта ги оправдува средствата«. Не греши, но кога греши, тоа е планирано.

Не постои замисла која не би можеле да ја остварат и во тоа не им е потребна туѓа помош, но не се впушта во работи за кои не е сигурен дека се возможни. Во работата е тврдоглав и не прифаќа туѓи уверувања. Повеќе ги води нивниот инстинкт, кој како некоја необјаснива врска со природата ги упатува на најдобрите решенија, така да некогаш незнаат ни самите да го објаснат достигот на својот успех. Во животот постигнуваат успех, но пријателите со кои е секогаш опкружен, кога ќе ја постигнат својата цел, им ја однесуваат главната материјална корист.

Маркетинг

Иако тоа го согледува, тешко го раскинува пријателството и секогаш ги оправдува постапките на пријателите. Несреќен е кога не го сакаат. На увредите е многу осетлив и поради својата гордост често се препира со другите. Луѓето ги отценува према успехот што го постигнале во друштвото. Го сака друштвото на интелектуалци и ужива во разговори за науката и уметноста. Сексот ги привлекува од радозналост и во љубовта се променливи. Бракот го издвојува од авантурата, кои се секогаш краткотрајни.

Фамилијата и домот е негова држава, во која сака да владее, каде што угодно се осеќа , но не е владар. Во бракот гледа среќа и бара вечна љубов. Осетлив е и нежен, полн со чувствителност и почитување на спротивниот пол, но ако постои и најмало оправдување, постанува љубоморен тиранин. Љубовта му е страсна , но љубомората по својата големина и жар надвладува. Прилагодлив е кон брачниот партнер, па како животен пратеник му одговараат личностите родени во знакот на јарец, риби, рак, девица или шкорпија. Животот му е долг, и дури на старост се обогатува, иако тоа богатство не му причинува среќа.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button