Реклама
Вирално

Вашиот ракопис е ужасен? НЕ грижете се, тоа открива многу добри работи за вашиот карактер

Реклама

Ако вашите пријатели и најблиски имаат проблем со дешифрирање она што сте го напишале поради вашиот неуреден и нечитлив ракопис, верувајте – тоа е добра вест.

Не мора да избегнувате да оставате рачно напишани пораки или да барате изговори зошто тие изгледаат како да сте ги напишале со лева нога, бидејќи, освен што на светот има многу повеќе луѓе кои пишуваат полошо од оние кои имаат уреден ракопис, тоа значи дека сте креативна и интелигентна личност.

Маркетинг

Еве што зборува вашиот неуреден ракопис за вас.

Размислувате со своја глава

Грдиот ракописот е знак дека сте индивидуа и дека мислите со своја глава, наместо слепо да се раководите според мислењата и очекувањата на околината.

Маркетинг

Креативни сте

Луѓето кои немаат уреден ракопис обично се покреативни од другите, но исто така може да значат дека се и малку ексцентрични.

Вие сте многу интелигентни

Ако вашиот молив не може да ја држи чекор со брзината на вашите мисли, тоа е знак на висока интелигенција.

Затоа, не грижете се ако луѓето често коментираат дека пишувате грдо. Сфатете го тоа како комплимент, бидејќи истражувањата покажуваат дека многу талентирани луѓе лошо пишувале, едноставно затоа што нивниот мозок работел толку брзо што тие немале време да се размислуваат за уредност. На пример, Наполеон имаше ужасно грд ракопис, и ни Фројд не се истакна со својот краснопис, пренесува Тајмс од Индија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button