Реклама
TV

Познатата Турчинка денес не сака да слушне за брак – актерката од „Езел“ нема среќа во љубовта!

Џансу ужива во слободата...

Реклама

42-годишната актерка Џансу Дере иако важи за една од најубавите девојки во Турција, сепак ја осети горчината на љубовта.

фото инстаграм/Џансу Дере

Таа несомнено беше најдобриот избор за улогата на Асја во серијата „Неверство“, улогата на измамена жена која е подготвена на се за да открие која е љубовницата на нејзиниот сопруг.

фото инстаграм/Џансу Дере

Најмногу била разочарана од врските кога во 2009 година требало да се омажи за турскиот комичар Џем Јилмаз, но тој се вљубил во нејзината најдобра пријателка Аху Јагта, со која Џансу учествувала на ревии на почетокот на нејзината кариера.

Маркетинг
фото инстаграм/Џансу Дере

Приватниот живот на оваа убавица не може да се спореди ниту со една сапуница.

фото инстаграм/Џансу Дере

Џем Јилмаз се оженил со нејзината најдобра пријателка и добиле дете но среќата не траела ниту три години. По распадот на бракот Џем се обидел да се врати кај актерката но таа повеќе не ни размислувала за тоа.

Маркетинг
фото инстаграм/Џансу Дере

– Поради тоа плачев со денови. Бев изневерена, повредена и ништо не можеше да ме расположи. Бев на дното. Моите пријатели работеа напорно околу мене, постојано ме изнесуваа надвор, се обидуваа да ме насмеат и расположат, но јас тонев се подлабоко во мојата депресија, изјави тогаш таа.

фото инстаграм/Џансу Дере

Но, зажал тоа не е единствениот љубовен крах што го доживеала. Откако се опорави од неверството и  повторно се заљуби, таа започна врска со нејзиниот менаџер Џем Ајдин, но за жал повторно беше изневерена.

фото инстаграм/Џансу Дере

– Ладна сум како мраз и таква ќе останам. Некои работи не ја засегаат јавноста затоа што се приватни, па се однесуваат само на мене. Не им се оправдувам на моите родители, ниту на другите. Лажењето е толку лоша особина што не сакам да имам лажго во мојот живот. Всушност, колку побрзо тој излезе од мојот живот, толку подобро, барем според мене, рече тогаш таа.

фото инстаграм/Џансу Дере

Џансу Дере се уште ја бара својата сродна душа, но поради се што и се случи во љубовта, денес тешко се впушта во сериозни врски.

фото инстаграм/Џансу Дере

Порано имала конзервативни ставови за бракот. Таа не ги поддржуваше разводите, ги сметаше за погубни, а пред брак не би се согласила да живее со маж под ист покрив.

фото инстаграм/Џансу Дере

– Бракот е свето нешто во Турција. Многу жени влегуваат во присилни бракови, но за среќа, тоа никогаш не се случи во моето семејство. Кога ги гледам моите родители, кои се заљубиле како тинејџери, сакам да ја доживеам истата страст, почит и пријателство. Тие се најголемиот пример во мојот живот и би сакала да бидам среќна како нив. За мене е важно мојот партнер да се сложува со нив, изјави таа во едно интервју.

фото инстаграм/Џансу Дере
фото инстаграм/Џансу Дере
фото инстаграм/Џансу Дере
фото инстаграм/Џансу Дере
фото инстаграм/Џансу Дере
фото инстаграм/Џансу Дере

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button