Реклама
Вирално

Бела од Македонија до Америка со љубов – бездомното куче од скопските улици доби топол дом

Реклама

Невладината Pilots N Paws е организација која овозможува вдомување на кучиња со помош на волонтери пилоти, подготвени да помогнат при транспортот.

 

Маркетинг

Па така тие на својот профил на Фејсбук ја раскажаа приказната за кучето Бела од Скопје.

На страната беа објавени фотки од Бела како ужива во слободата додека ја пренесуваат пилотите-волонтери, а во описот стои текст од Џени Смит која ја раскажува приказната за Бела и се заблагодарува на организацијата за нивната работа.

Маркетинг

„Од #Македонија до #Америка со љубов: Бела Дуковска е куче кое се шеташе по улиците на Скопје, Македонија и се пикаше во редот за виза надвор од амбасадата на САД. Таа беше таму цел ден и кога стигна најнапред во редот, вработените на амбасадата забележаа колку е слатка и не сакаа да дозволат повторно да лута наоколу, посебно Јана Дуковска (од таму и доаѓа името Бела Дуковска).

Јана и тимот се трудеа многу и Бела доби интернационален лет до Чикаго. Мојот братучед, кој е наредник во Воздухопловство САД и е стациониран во амбасадата, ни се придружи и нѐ поврза сите со вашите прекрасни пилоти кои ја однесоа Бела до Минесота, каде што семејството кое ја вдоми ја чекаше со отворени раце.

Бела уживаше во летот на слободата и се топеше со вашите пилоти. Го обожаваме тоа што вие го правите, ви благодариме Pilots N Paws.“, напиша Џени Смит.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button