Реклама
Кафе муабетНега и здравје

„Бев врзан, не можев да мрднам“ – Страотна исповед на болен од корoонавирус: Ми рекоа дека лековите ќе ми помогнат

Реклама

Сведоштвото на инфициран од короoнавирус во Сингапур циркулира овие денови на социјалните мрежи. Имено, како што се наведува, станува збор за човекот кој е 37. регистриран пациент кој забоoлел  од оваа болест.

Станува збор за 53-годишен возач, кој рече дека благата настинка му се претворила во треска, а потоа на 6 февруари е примен во „Нг Тенг Фонг“ болницата во Сингапур каде му е дијагноoстициран короoнавирус.

-Поради сериозната состојба, докторот ми рече дека ќе ми стави цевка во грлото и дека лековите ќе ме паралзираат. Немав поим што ме чека, како и дека во наредните 8 дена ќе ми бидат најмрачните во мојот живот, напиша „случајот 37“ на социјалните мрежи, наведува „Индипендент“.

Маркетинг

Тој опиша како бил врзан за болничкиот кревет и не можел да се помести. Исто така рекол дека не бил свесен кога ги отворал очите и гледал околу себе.

-Поради влијанието на лековите, имав илузии и слушав музика, говор на луѓе и здравици, па си мислев дека можеби сум во хотелска соба која е адаптирана да биде болница, зошто нема доволно кревети, вели тој.

Маркетинг

-На Денот на вљубените, успеав да отворам очи и ја видов двојната стаклена врата, со целата опрема за одржување во живот околу мене. Поради цевката во грло не можев да зборувам – вели пациентот 37.

Тој ден, како што вели, докторите му рекле дека се опоравува брзо и дека наскоро ќе го префрлат во изолација. Бидејќи го посетило семејството, рече дека „таа глетка на хуманост му го загреала срцето“.

Додека го пишувам ова, во тек е мојот 15. ден во изолација, што всушност беше соба со двојно стакло и посебен тоалет. Во првите три дена, не ми беше дозволено да станам од кревет, бев приклуче на кислород и ми даваа течна храна. Четвртиот ден, ми дадоа цврста храна и можев да се избањам – напиша тој тогаш.

Откри дека лекарите му рекле дека ќемора да биде негативен на два теста за да ги пуштат од болница.

– Денеска е 1. март. Бев негативен на коронавирусoот на 29. февруари, т.е. вчера. Ако и денеска биде негативен резултатот, ќе ги исполнам условите за да ме пуштат дома – опиша пациентот 37.

Според наводите на министерството за здравство, пациентот 37 пуштен е од болница на 2. март.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button