Реклама
Хороскоп

Бебињата родени во јануари и февруари имаат поголеми шанси да станат богати и познати личности, велат истражувањата

Реклама

Дали сте родени на самиот почетокот на годината?

Ако сте родени во овој период тогаш постојат големи шанси да станете славна личност (и, се разбира, богата). Барем така вели едно истражување спроведено во Австралија.

Маркетинг

Се покажа дека бебињата кои се родени во јануари (па и февруари) имаат некои посебни квалитети кои можат да им донесат многу успех во нивниот живот. Имено, во австралиската фудбалска лига има дури 33 проценти повеќе фудбалери кои се родени во јануари отколку во другите месеци. Адријан Барнет, ко-автор на магазинот „Science Daily“, има своја теорија зошто е тоа така.

„Ако сте родени во јануари, имате речиси 12 месеци предност пред вашите колеги кои се родени подоцна во текот на годината”, објаснува тој. Според него, децата родени во јануари не само што постигнуваат одлични спортски резултати, туку се подеднакво успешни во другите животни полиња.

Маркетинг

Џенифер Анистон и Кристијано Роналдо се Водолии

Едно друго истражување пак, објавено во „Journal of Social Sciences“ откри дека постои дисбаланс помеѓу хороскопските знаци на познатите личности. Имено, најмногу славни личности се родени во знакот Водолија, помеѓу 20-ти јануари и 19-ти февруари.

Покрај тоа, благородниот камен што се поврзува со оние кои се родени во текот на првиот месец, а кои многумина го сметаат за амајлија, е гранитот. Се верува дека гранитот ќе донесе среќа на оној што го носи и го исполнува со љубов, и ќе му даде и самодоверба и успех во бизнисот.

Па, се чини дека бебињата кои ќе дојдат на почетокот од годината навистина се родени под среќна ѕвезда.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button