Реклама
Наши ѕвезди

Ана Бекута се ИСПЕГЛА: Фолкерката изгледа 10 години помладо, па УДРИ по колешките – „претеравте“!

Реклама

Пејачката Ана Бекута многу се грижи за својот изглед, а за нејзините години изгледа многу помладо.

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

Ана истакна дека мерата е најважна кога станува збор за естетски операции и дека се почесто слуша коментари дека нејзините помлади колеги личат едни на други.

– Немам ништо против пластична хирургија, но сум против сите жени да изгледаат едни на други затоа што прават исти операции. Тие исто така ги пумпаат усните на ист начин. Мислам дека треба да бидат малку поразновидни – отворено рече Ана и додаде дека ќе биде подобро ако пејачите се обликуваат попропорционално.

Маркетинг
ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

– Кога секој би го сторил тоа во согласност со лицето и обликот на очите, тоа би било естетски поубаво – вели Ана и додава дека ваквите естетски потфати земале залет.

Како што вели, секој има право да прави што сака со своето тело, но многу е важно да не претерувате.

Маркетинг
ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

– Повторувам, јас сум приврзаник на пластична хирургија, но мислам дека некои јавни личности премногу се вклучуваат во тоа и дека сè отиде во друга крајност – заклучи Бекута.

За потсетување, Ана Бекута е една од најпознатите пејачки во Србија но и најдолго опстојува на музичката сцена. Многу години музичка кариера си носи и многу скандали, но и превртени вистини. НО едно е вистина дека таа имаше тежок период откако остана бремена, па мораш своето бебе некое време да го остави во дом.

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

Ана за тој момент прозборе и јавно, да се потсетиме низ каков период поминала таа.

Ана Бекута по пауза од 40 години конечно проговорила за тоа како синот Игор Полиќ по раѓањето го оставила во дом за незгрижени деца.

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

Српската пејачка го родила Игор на 17 години во вонбрачна врска. Тој период, според неа, ѝ бил најтешкиот во животот. Била одвоена од своете дете, а околината ја осудувала. И нејзините родители биле на столбот на срамот, селото ги озборувало, што за неа било посебно тешко.

– Сакав да го родам детето. Точно е, им нанесов болка на своите родители, ги посрамотив и затоа Игор на осум месеци го однесов во дом. Притисокот од околината беше многу силен. Секој викенд патував да го видам Игор. Агонијата траеше неколку месеци, но тогаш гласот на разумот и срцето преовладаа и Игор го вратив дома – изјави Бекута за „Стар“.

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

Ана моментално е во врска со Мика, па новинарите секогаш и псотавуваат прашање дали ќе ја официјализираат врската со брак.

Ана Бекута прозборе за 8-годишната врска со Милутин Мркоњиќ Мрка, па откри детали поврзани со нивниот однос, како се запознале и дали планираат да се венчаат.

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

Се сретнавме кога требаше и кога бевме спремни еден за друг. Мене ми требаше поддршка во вид на фигура каква што е тој. Заедно сме осум години, среќна сум што го имам, рекла Ана.

Пејачката прозборе и за моментот кога Мрка даде оставка од позицијата министер поради неa.

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

-Тоа беше тешки времиња за нас двајца, негодувањето на јавноста, односно медиумите. За да ги запре тие приказни, во 2013 година даде оставка и веруваше дека тоа е вистинската одлука за нас. Така и беше.

Во тој момент сите не оставија на мир. Јас бев колатерална штета затоа што знаеа дека најмногу ќе го боли ако ме вметнат мене во текстот. После оставката сите запреа, победи љубовта. Мрка е полн со искуство, има важни и големи искуства за сите нас, многу е добар и не почитува сите, додаде Ана.

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

Прозборе и за предрасудите со кои се соочуваат сите овие години наназад.

Имаат предрасуди затоа што не знаат кои сме и како функционираме. Во зрели години сме, но не веруваме во бракот како институција, најважно ни е да се сакаме, заклучила Ана.

 

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

 

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

 

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

 

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

 

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

 

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button