Реклама
Новости

Аеродромци слават, а со нив и градоначалникот Тимчо Муцунски- МЗТ шампиони!

Вети уште посилна поддршка во иднина за нови спорстки успеси

Реклама

На радоста и нема крај! Аеродромци вечерва слават и имаат огромна причина за тоа. МЗТ продолжува со апсолутна доминација во македонската кошаркарската лига. „ Штрковите“ се шампиони по 10.пат!

Градоначалникот на општина Аердором со силна морална поддршка до кошаркарите на неговата населба. Тимчо Муцунски среќен по победата сподели честитки и јавно на својот инстаграм профил:

фото/Инстаграм

Првиот човек на Аеродром рамо до рамо ги поддржува кошаркарите на „Јане Сандански“.

Маркетинг

„На играчите, Фамилија Аеродром и целиот стручен тим им ја честитам оваа победа, како и успешната сезона во која докажаа дека МЗТ Скопје останува неприкосновен шампион на Македонија“, напиша Муцунски.

Тој додаде дека и понатаму ќе биде тука за нив и вети уште посилна поддршка во иднина за нови спорстки успеси.

Маркетинг

Кошаркарите на МЗТ Скопје, вечерва, на гостувањето во Битола го совладаа Пелистер со 92:83 и со вкупен резултат од 3:0 триумфираа во финалната серија од разигрувањето за шампионската титула. Јунак на вечерта беше Војдан Стојановски, кој прикажа извонредна партија со 33 поени и само две промашувања.

фото/Фејсбук
фото/Фејсбук
фото/Фејсбук

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button