Реклама
Новости

ААЈДЕ ДА ПОМОГНЕМЕ: На скопскиот хуманитарец му е влошена состојабата – време е да се сплотиме за него

Реклама

Тој им помогна на многу луѓе, а сега нему му е потребна помош.

ФОТО: Небојша Додевски-Грицко / Фејсбук

Небојша Додевски – Грицко е култен лик во главниот град. Неуморен хуманитарец, кој секојдневно се грижи за туѓата среќа и безусловно пружа љубов. Познат е и на македонската алтернативна сцена.

Грицко е еден од основачите на здружението за солидарност на граѓаните „Храна, а не оружје“.

Маркетинг
ФОТО: Небојша Додевски-Грицко / Фејсбук

Цели на здружението се поттикнување на солидарноста кај граѓаните, сузбивање на гладта кај населението и помагање на беспомошни и болни лица.

Станува збор за екипа млади луѓе кои готват оброци и ги делат на граѓаните кои имаат потреба од храна и оброк за себе и своето семејство.

Маркетинг

На своја иницијатива, без никаква материјална надомест или било каква друга мотивација освен човекољубието, оваа екипа во петок набавува намирници од скопскиот Бит Пазар, ја готви и во сабота ја дели на Плоштадот „Македонија ” во Скопје на луѓето кои имаат потреба од храна.

ФОТО: Небојша Додевски-Грицко / Фејсбук

Дури 22,2% од населението во Македонија е гладно и живее во сиромаштија, според податоците на Државниот завод за статистика за 2017 година. Наспроти овие поразителни податоци, голем дел од употребливата храна во нашата земја, се фрла. Завршува во ѓубре!

ФНБ е основана во 1980 година, а преставува практичен протест против енормното трошење на пари за воени потреби, додека секој ден се повеќе и повеќе луѓе умираат од глад.

Целта на ова здружение е да се нахранат гладните, притоа залагање за ненасилство, вегетаријанство, рециклирање храна, како и одлучување со консензус.

ФОТО: Небојша Додевски-Грицко / Фејсбук

Грицко вели дека мотивација да биде хуман и да помага добива од луѓето. Смета дека храната е право на секој човек, а не привилегија. Секој има право на оброк.

Во почетоците, активистите на „Храна, а не оружје”, делеле храна еднаш месечно, но од 2013 година интензитетот се зголемил.

Она што најмногу го иритира е што голема количина на храна завршува во отпад. Луѓето не се свесни дека нивното малку, за многумина може да биде многу. Многу луѓе немаат финансии ниту за храна и затоа следниот пат кога ќе ја фрлите запрашајте се дали можете да ја рециклирате и да нахраните некој. Многу е важно да се крене свеста на сите нас и да се помага.

ФОТО: Небојша Додевски-Грицко / Фејсбук

„Луѓето сакаат да помагаат, но не знаат. Им треба помош, но не знаат што им треба. И да прашаш некого што сакаш да ти помогнам, ќе се збуни нема да знае што да ти каже. Кога разговарам со луѓето се гледа дека тој жар и оган го има во нив, но и во секој, не е тоа дека само јас сум роден ваков“, изјави Додевски за македонските медиуми.

Но и тој лично има здравствени проблеми. Поради лошата работа на бубрезите, тој мора три пати неделно, по 4 часа да помине на дијализа. Но, ниту неговата болест не го спречува во неговата животна битка. Вели таа не го спречува, но го ограничува.

ФОТО: Небојша Додевски-Грицко / Фејсбук

Сепак не може да го сопре. Според него, ако Хитлер ништо не го спречувало да направи злодела, тогаш ниту него нема да го сопре ништо да прави добри дела.

За жал, неговата здравствена состојба воопшто не е добра и во последно време се влошува уште повеќе. Истовремено, иако неколку пати се обратил за помош од државата, но постојано е одбиван.

Кога здравствените власти немаат слух за ваквите случаи кои се оставени сами на себе, време е да се сплотиме и сите заедно со заеднички сили да се обидеме да му помогнеме на овој хуман човек.
Време е да му се помогне на Грицко.

ФОТО: Небојша Додевски-Грицко / Фејсбук

Неговите другари и пријатели прават хуманитарен настан за финансиска помош.

Настанот ќе се случи во просториите на Олд Скул бар во Скопје оваа сабота, со почеток од 16 часот.

Ќе биде поставена кутија за донации на самиот влез на барот. Ќе можат да се купат и слики од уметникот Димитар Младеновски(по цена која самиот донатор ќе ја одбере), ќе се продава накит, албуми на домашни бендови и слично а сите средства одат за Грицко.

ФОТО: Небојша Додевски-Грицко / Фејсбук

Доколку сакате да донирате за помош на овој прекрасен човек, ова се неговите податоци:

Небојша Додевски

Жиро сметка:

200003059366897
Стопанска Банка

ФОТО: Небојша Додевски-Грицко / Фејсбук
ФОТО: Небојша Додевски-Грицко / Фејсбук
ФОТО: Небојша Додевски-Грицко / Фејсбук
ФОТО: Небојша Додевски-Грицко / Фејсбук
ФОТО: Небојша Додевски-Грицко / Фејсбук
ФОТО: Небојша Додевски-Грицко / Фејсбук
ФОТО: Небојша Додевски-Грицко / Фејсбук
ФОТО: Небојша Додевски-Грицко / Фејсбук
ФОТО: Небојша Додевски-Грицко / Фејсбук
ФОТО: Небојша Додевски-Грицко / Фејсбук
ФОТО: Небојша Додевски-Грицко / Фејсбук
ФОТО: Небојша Додевски-Грицко / Фејсбук
ФОТО: Небојша Додевски-Грицко / Фејсбук
ФОТО: Небојша Додевски-Грицко / Фејсбук
ФОТО: Небојша Додевски-Грицко / Фејсбук
ФОТО: Небојша Додевски-Грицко / Фејсбук
ФОТО: Небојша Додевски-Грицко / Фејсбук

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button