Најпопуларните патики од адидас во ново руво за Валентин

ADVERTISEMENT

Патики за вљубени дами

Откако Converse го претстави својот модел Chuck 70 за Денот на вљубените со нов дизајн и тоа со едно срце и љубовните пораки „KEEP LOVING” и „KEEP FIGHTING”, уште еден познат спортски бренд одлучи да направи специјално издание за празникот Свети Валентин. Во прашање се култните патики „Stan Smith“ од „adidas Originals“ кои овој пат ни доаѓаат во монохроматско издание, но со по едно срце во црвена боја од надворешната страна.

ADVERTISEMENT

Црвената боја се појавува и на јазикот на патиките и на задниот дел, а покрај срцето и црвените детали ја имаат задржано својата минималистичка естетика и сигурно ќе им се допаднат на љубителите на овој модел.

Патиките во продажба ќе се појават на 1 февруари, а како изгледаат погледнете во продолжение.

ADVERTISEMENT

 

 

 

 

Facebook Comments
(Visited 169 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT