Интервју со една од нашите најпознати девојки на Инстаграм

Таа важи за една од најдобрите блогерки во Македонија, а нејзинито стил го обожаваме и го следиме од самиот почеток.

Jacket: Local store, Blazer – vintage, Фармрки – Zara, Boots – Zara, Bags – Zara

Нејзиното има е Александра Трпеска, авторка на блогот Majestic by Alex и една од нашите омилени Инстаграм девојки. Таа на својот профил има речиси 30 илјади обожаватели и тој број од ден на ден се зголемува. Досега има соработувано со многу брендови, а нејзините фотографии се преубави. Таа на нив изгледа енергично, кул и шик, а комбинациите што ги „фура“ се фантастичен спој на урбаниот стил и минимализмот. Секогаш насмеана, Александра ни одговори неколку прашања во врска со модата и трендовите, но поразговаравме и за нејзините омилени козметички производи и побаравме да ни открие неколку трикови поврзани со најпопуларната социјална мрежа.

ADVERTISEMENT

Каде најчесто купуваш облека и кои се твоите омилени брендови?

Најчесто купувам облека додека патувам, исто така парчиња облека од локални streetwear дизајнери. Како омилен бренд би го издвоила Nike.

Која дневна крема ја користиш во моментот?

Bioderma Rich.

Колку ти треба да се средиш за излегување?

Просечно 30мин., и најголем дел од времето го трошам на смислување оутфит.

Твоја омилена блиц комбинација?

All black everything.

Denim jacket – Levis Vintage, Hoodie – Stradivarius, Shirt – Zara, Leather Jeans – Zara, Shoes – Puma Fenty, Sunglasses – Bershka, Faux fur – Stradivarius

Нешто што никогаш не би го облекла?

Неудобни чевли.

Најдобриот стилски совет што некогаш си го слушнала или прочитала?

Клише, ама less is more.

Твоите омилени козметички производи?

Како фаворити за овој месец би ги издвоила bourjous rouge velvet lipstick, maybeline superstay foundation, lancome monsieur big mascara, nyx eyebrow gel.

Каква крема за тело користиш?

Lush Coco Lotion

Твојот омилен парфем?

Сентиментално сум врзана за B.U., но моментално го користам Victor&Rolf Flower Bomb.

Каде пронаоѓаш инспирација за фотографирање?

Луѓето и местата кои ме опкружуваат секојдневно.

Кои апликации ги користиш за твоите фотографии?

Најчесто VSCO и Quickshot.

Што е она поради што добиваш најмногу лајкови?

Најчесто селфи со makeup look.

Совет за оние што сакаат да имаат повеќе пријатели на Инстаграм?

Бидете свои и фотографирате ги сите убави моменти.

Твоето омилено место во Скопје?

Дебар маало, местото каде што живеам.

Кои се твоите планови за во иднина?

Не ви откривам, следете ме на инстаграм! (хаха)

Фото: Ерина Богоева
Facebook Comments