Цеца без шминка „распали“ по Јелена Карлеуша, а своите фанови ги „ШОКИРАШЕ“ и со тоа што носи иста облека од пред 10 години!

Еве зошто Цеца е жена без комплекси

Цеца го покажа своето природно издание без шминка додека се возеше во својот автомобил и ги воодушеви сите.
Но покрај тоа таа ги запеа и стиховите кои гласат: „Радувајте се души ситни продадени, од иста ‘рѓа сте исковани.
Многумина се прашуваат дали овие зборови се порака до Карлеуша која деновиве остро ја нападна преку социјалните мрежи.

Балканската поп дива, деновиве се огласи во врска со една емисија што се емитуваше на телевизијата Н1, а во која се опишува животот на Цеца. Таа преку Инстаграм откри зошто не сакала да учествува во оваа емисија, но воедно уште еднаш напиша што навистина мисли за Цеца.

Жена без комплекси
Инаку, Цеца пред некое време се врати од Кипар каде беше со својата сестра Лидија и малиот Жељко.

Таа од таму речиси секојдневно се огласуваше и со фановите споделуваше детали од одморот.

Сепак, една објава привлече големо внимание на корисниците на социјалните мрежи.
Имено, Цеца објави фотографии од тоа како си забавува една вечер на Кипар со своите пријателки, а Твитерашите веднаш забележаа дека фолк дивата за ова излегување избрала фустан што веќе еднаш го носеше и тоа пред повеќе од 10 години, и повторно во него изгледаше фантастично.

„Цеца која носи ист фустан преку 10 години“, „Секоја чест“, „Јас сакам нешто вакво, тоа значи дека нема комплекси“, „Ова навистина е за пофалба“, „Верувам дека овие работи и се на Кипар и дека ги носи кога е таму“, беа само некои од коментарите на верните фанови на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
