Фолкерката наполни 40, а изгледа како да има 20 – го покажа своето беспрекорно тело во костим за капење и ги воодушеви сите
Фолк пејачката Селма Бајрами го прослави својот 40 роденден, па фановите ги поздрави во провокативно издание.
Таа носеше куси шорцеви и костим за капење во горниот дел што посебно ги воодушеви мажите меѓу нејзините фанови.
Селма Бајрами имено позираше во својот кус розов шорц во природа, а во центарот на вниманието е нејзиното убаво тло.
„Ви благодарам на сите на преубавите желби. Преубаво си поминавме. Ете и јас наполнив 40 години, но верувајте ми дека се чувствувам како да имам 25 години“, напиша во описот на фотографијата, додека во коментарите и пристигнуваа коментари дека токму така и изгледа, како да има 20 години, но не изостанаа и честитки за роденденот.
По големиот успех на почетокот на милениумот, Селма Бајрами се повлече од медиумите и многу ретко објавуваше нови песни. Но по долгата пауза, пејачката повторно се врати на музичката сцена. Таа сега настапува низ цела поранешна Југославија и во странство, а во последно време редовно објавува фотографии и на социјалните мрежи.
И додека да пристигне некоја нова песна од неа, обожавателите на Инстаграм веќе имаат полни раце работа бидејќи провокативните изданија на пејачката стануваат се почести и подигаат голема прашина.
Погледнете некои од нив…