Стана мајка на 72 години и не жали. Сите се прашуваат што ќе биде со бебето по нејзината смрт, а нејзинито одговор ги изненади
Господ ќе се погрижи за сé
Неверојатната приказната за Индијката Далјиндер Каур која во 72 година за прв пат стана мајка деновиве повторно беше актуелна во странските медиуми.
Имено, таа и нејзиниот сопруг дури откако добиле бебе ја виделе вистинската смисла на нивниот живот. На вештачко оплодување одлучиле поради наследството што би го добиле но само ако имаат свое потомство. Мајката за медиумите призна дека не е лесно да се биде мајка во осмата деценија. Во погледите на луѓето секојдневно го гледала она прашање што на почетокот и таа самата постојано си го поставувала. Бидејќи мали се шансите тие да бидат живи кога детето ќе биде возрасно, таа за медиумите одговори:
Многумина се прашуваат што ќе биде со детето кога ќе починеме, но јас верувам во Господ. Тој е семоќен и ќе се погрижи за сé, вели Далјиндер.