Познатата фолк-пејачка живее во дворец, а летува на најскапите дестинации во светот – погледнете каде ужива сега!
Пејачката Драгана Мирковиќ ова лето реши да го помине на Француската ривиера заедно со својот сопруг.
Таа откако замина на ова монденско место не престанува да објавува фотографии на социјалните мрежи.
Таа објави неколку фотографии на својот Инстаграм профил и сподели колку ужива во својот годишен одмор.
Најпрво објави фотографии од авионот, потоа кога стигна на плажата, па во ресторанот каде служат само скапи јадења.
Нема сомнеж дека си поминува убаво.
Инаку, Драгана неодамна за медиумите изјави дека таа и целото нејзино семејство за време на коронавирусот се однесувале одговорно како кон себе така и кон другите за да го спречат ширењето на заразната болест која за кратко време се прошири низ целиот свет.
Тие за време на карантинот беа изолирани во нивниот дом во Виена. Но сега кога авионите повторно почнаа да летаат, тие решија да заминат на одмор, почитувајќи ги сите мерки.
Како и многу години претходно, пејачката одлучи да патува во Ница, каде обожава да летува.
Таа веднаш откако пристигнасподели фотографии на Инстаграм од кои можеме да видиме дека е пресреќна.
Таа веднаш направи и селфи фотографии, што ги објави на својот профил на социјалните мрежи, а фановите се воодушевени што нивната омилена пејачка објави фотка на која е без шминка.