Новата снаа на Брена живеела на село и берела малини, а сега ужива во ЛУКСУЗЕН автомобил од 500.000 евра заедно со Виктор!
Виктор и неговата девојка веќе неколку недели уживаат во прекрасната Француска ривиера .
Синот на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ (22) и неговата девојка, студентка и шминкерка Сандра Миљаковиќ (26) пред неколку дена пристигнаа кај пејачката и нејзиниот сопруг Бобан Живојиновиќ во Монако. Тие се поканети задно со нив да уживаат во магијата на Азурниот брег и можат да ги користат сите привилегии што ги имаат пејачката и нејзиниот сопруг.
Сандра на Инстаграм објави видео на кое може да се види како ужива возејќи се во луксузен автомобил со преубав поглед на средоземното море.
Во прашање е автомобил од марката „Ролс Ројс“ попознат како „Фантом“, а неговата цена е околу половина милион евра.
https://www.instagram.com/p/CCToAiThOxC/?utm_source=ig_embed
Покрај возењето во луксузниот автомобил, Сандра уживаше и во врвната храна во најскапоцените ресторани на ова монденско место, додека семејството Живојиновиќ реши да порача тартар бифтек и полжави.
Сандра и Виктор се во врска веќе година дена, а за време на карантинот таа се пресели да живее во вилата на Брена.
Неодамна медиумите беа на посета во селото од кое што потекнува девојката, а нејзиниот татко ја пофали дека е многу вредна и дека не се срами да работи било што.
Тој откри дека Сандра за време на своите средношколски денови одела да бере малини и така дневно заработувала околу 20 евра што ги користела за џепарлак.
Инаку, и Брена е воодушевена од својата нова снаа. Таа неодамна го изјави следново за неа:
„Сандра е прекрасна девојка и многу мило ми е што видов дека моите синови се согласуваат со своите девојки. Отсекогаш сум ги учела дека девојките треба да ги сакаат и да ги почитуваат и гледам дека овој дел од нашето воспитување вроди со плод. Луѓето треба да се најдат и пронајдат, а Виктор и Сандра уживаат во врската.
Покрај тоа, открив дека Сандра прави фантастична шминка. За време на изолацијата, таа ме нашминка мене и неколку мои пријателки. Ние сме воодушевени и сакам да и дадам поддршка бидејќи светот останува на помладите “, додаде пејачката.