Инди конечно се појави на улица откако и ставија бајпас – фановите се изненадени, сите гледаа во овој детаљ и ја пофалија …
Инди Арадиновиќ, пред неколку дена ја напушти болницата, по операциите, но деновиве повторно беше фотографирана додека одеше на преглед во здравствената установа.
Познатата пејачка имаше маска на лицето и ракавици на рацете. Во посета на лекарите таа беше во опуштено издание – тренерки и тексас јакна.
Инди немаше ни трошка шминка на лицето, а имаше големи очила за сонце кои ги покрија нејзините очи.
Откако ја напуштил здравствената установа, Инди имаше парче хартија во рацете, па отиде до автомобилот каде го остави, а потоа ги фрлила ракавиците што ги носеше во корпа за отпадоци и се упати кон нејзиниот дом.
Инди пред два месеци имаше операција на желудникот, по што се појавија голем број компликации и таа повторно беше подложена на операција. Во еден момент, пејачката се бореше за живот. Морале да и ја отстранат слезината, има вградено бајпас, повреден и е панкреасот и истакнува дека ќе мора да прима инјекции до крајот на својот живот.
„На крајот на краиштата, останав без слезина, панкреасот ми е повреден, а до крајот на животот ќе треба да земам инјекции. Добив бајпас наместо намален желудник.“
„Никогаш нема да го имам старото здравје што го имав пред да одам на операција, сè што се случи мене за секогаш ми го промени животот. Телото сега многу ми е ослабено и прашање е дали ќе можам повторно да се вратам во мојата стара состојба“ – изјави пејачката пред неколку дена.