Реклама
Наши ѕвезди

Елена Велевска во тесни фармерки кои ги издолжуваат нозете – многу Македонки ги обожаваат, посебно што во нив изгледате послабо

Реклама

И кога ќе облече фармерки изгледа занесно

Нашата позната фолк-пејачка сподели фотографија на која позира во опуштено издание на социјалните мрежи.

Маркетинг

Таа носи тесни фармерки и маичка, во комбинација со патики и очила за сонце, и свртена со грб кон фотоапаратот.

Следуваа бројни пофални зборови и коментари од фановите на сметка на нејзиниот изглед, а како пејачката изгледаше погледнете во продолжение.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска

Инаку, Елена во последните неколку месеци е мошне активна на социјалните мрежи. Таа редовно споделува интересни фотографии, а неодамна заедно со својата колешка Сузана Гавазова ја подигнаа температурата и со одличен настап во живо за време на карантинот.

Имено, и покрај тоа што во изминатиов период медиумите пишуваа дека не се во добри односи, Елена и Сузана ги изненадија сите со нивниот заеднички настап. Во прашање е „концерт од дома“ каков во изминатиов период за време на карантинот Гавазова одржуваше редовно на Фејсбук. Овој пат нејзин специјален гостин беше нејзината колешка Елена Велевска, а снимката одеше во живо на социјалните мрежи, но и преку сателитската Ин ТВ.

Фото: Инстаграм/ Елена Велевска

Овој пат и двете носеа преубави фустани кои ги ставија нивните нозе во преден план.

Инаку, Елена, во своите опуштени кежуал варијанти не ретко можеме да ја видиме како фура фармерки.

Фото: Инстаграм/ Елена Велевска

Од гламурозните фустани преку комбинации етно мотиви и провокативни изданија со кои ќе ви го одземе здивот, па се до обични фармерки кои често ги носи и кога станува збор за Инстаграм. и во кои изгледа шик.

Фото: Инстаграм/ Елена Велевска

Овој пат таа избра skinny модел кој на прв поглед не е ништо ново, но пејачката во нив изгледа шик.

Фото: Инстаграм/ Елена Велевска

Иако тесните фармерки важат за модел за кои треба храброст да се носат, бидејќи можат да го истакнат секој недостаток на телото и не ласкаат на линијата, во комбинација со лежерна маица или кошула, туника и џемпер се полн погодок. Тоа можеме да го видиме и од ова нејзино издание на кое не можеме да најдеме грешка, а во продолжение погледнете и неколку шик модели од познатите брендови.

Brandon Maxwell

Topshop

J Brand

Paige

Mango

Mango

Mango

Zara

Zara

Zara

Zara

Zara

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button