Детето кое еднаш се појави во нејзиниот спот, е нејзиниот брат – Запознајте ги браќата на Јелена Карлеуша

Никој досега не ги видел!

Музичката ѕвезда Јелена Карлеуша (43) секогаш била приврзена за својата кариера, но истовремено многу се залага и за семејни односи и често истакнала како ништо не може да ја замени поддршката на најблиските членови од фамилијата.
Вотој круг секогаш ја вбројувала и својата тетка Даниела Димитровиќ, сестрата на нејзината покојна мајка Дивна, која секогаш била за неа, а поготово откако Дивна ја напуштила, што додатно ги поврза и Јелена и Даниела и го зацврсти нивниот однос.

Исто така Јелена секогаш била блиска и со својот брат од тетка, синот на Даниела Марко Димитровиќ кој на пејачката и е уште една поддршка во животот иако тој сака да биде надвор од српската јавност.
Многу за Марко не се знае, но ако ви делува како познато е тоа дека одамна тој имаше значајна улога во еден спот на Јелена за песната „ Само за твоје очи“.

Денес тој е горд фан на метал и рок музиката, иако ја почитува и големата кариера на својата сестра од тетка. Марко и Јелена денес се мномгу блиски, тој често ја посетува Карлеуша и често престојува во нејзината вила.

Покрај братучедот Марко, Јелена Карлеуша има и двајца браќа кои се од првиот брак на нејзиниот татко Драган,

Јелена Карлеуша отворено зборува за многу приватни работи, лични проблеми, па дури и интимни нешта кои не се за во јавност, но своите браќа Иван и Никола речиси никогаш и да не ги спомнала.
Всушност, се работи за нејзини полубраќа од вториот брак на нејзиниот татко Драган.

Јелена иако ретко зборува за нив, всушност е во добри односи и често поминуваат време заедно, а тие ѝ се и голема поддршка како во работата, но најмногу во приватниот живот.
Фотографијата на Инстаграм која е инаку од 2016 година и датира од времето на прославата на десетгодишшнината од бракот на Јелена и Душко Тошиќ, а ја објави брат ѝ Иван Карлеуша, а во описот напишал: „сестра и браќа“.
На тоа, фолк дивата одговорила само со неколку срценца.
ФОТО: Јелена Карлеуша / Инстаграм
ФОТО: Јелена Карлеуша / Инстаграм
ФОТО: Јелена Карлеуша / Инстаграм
ФОТО: Јелена Карлеуша / Инстаграм
ФОТО: Јелена Карлеуша / Инстаграм
ФОТО: Јелена Карлеуша / Инстаграм
ФОТО: Јелена Карлеуша / Инстаграм
ФОТО: Јелена Карлеуша / Инстаграм
ФОТО: Јелена Карлеуша / Инстаграм
ФОТО: Јелена Карлеуша / Инстаграм
ФОТО: Јелена Карлеуша / Инстаграм
ФОТО: Јелена Карлеуша / Инстаграм