И официјално е потврдено зошто девојката на Хари не беше присутна на обредот на Пипа Мидлтон
Кралицата на ѕвездата од серијата „Suits“ неодамна и даде зелено светло и покрај тоа што се шушкаше дека кралското семејство не е воодушевено од нea.
Холивудската актерка му е девојка на принцот Хари!
Станува збор за убавата актерка Меган Маркл која го освои срцето на принцот пред неколку месеци. На почетокот се шушкаше дека кралското семејство не е воодушевено од неговата нова девојка, но кралицата сепак им даде благослов и дозвола да се венчаат. Низ медиумите можеа да се прочитаат и гласини дека Меган не е добредојдена и на венчавката на Пипа Мидлтон, сестрата на војвотката Кејт. Имено, според гласините кои кружеа низ медиумите, Пипа им забранила пристап на сите жени кои немаат прстен на рацете, меѓу кои е и Меган.
Сепак, Меган на крајот се појави на венчавката, но не и на обредот, а според стручните лица за кралското семејство тоа е така затоа што Пипа не сакала никој да ја засени, а бидејќи тоа би било првото појавување на Меган и Хари во јавноста како пар би предизвикало внимание.
Па, најверојатно голапчињата се договориле дека тоа не би било во ред, па подоцна девојката на Хари кришум дојде на венчавката, без да предизвика дополнително внимание на крив начин пред медиумите.
За нејзиниот изглед се погрижи нејзината стилистка и пријателка Џесика Малруни која внимаваше на сите детали, особено да не се појави во креација во иста боја или дизајнер како невестата, како и војвотката Кејт која избра комплет од Александер Меквин.
За жал, сите фотографии не беа достапни за јавноста.