Наши ѕвезди

Пејачот Јордан Митев сподели необична порака и сите ги изненади – ова досега никогаш не го правел

Што се случува, кој толку го разочара?! , се прашуваат многумина

Advertisement

Пејачот сподели необична порака

Нашиот познат фолк-пејач Јордан Митев на социјалните мрежи често знае да сподели и моменти од својот приватен живот.

Advertisement

Но Јордан овој пат напиша необична порака, но не сакаше да открие за кого истата е наменета.

Фејсбук/ Јордан Митев

„Нова седмица, нова надеж и нови предизвици. И оваа недела пријателе, внимавај на кого му даваш дозвола да го помине прагот за да влезе во твојот приватен и професионален свет, бидејќи солта и шеќерот се скоро исти на изглед, но кога ќе ги пробаш, сосема различни по вкус“, напиша популарниот фолк-пејач на својот Фејсбук профил, но не откривајќи повеќе детали чуму овие зборови.

Advertisement

Потсетуваме, Јордан неодамна го објави својот нов спот за песната „Ех, што имам брачети“, со која изненади многумина.

Фејсбук/ Јордан Митев

И како што самиот Јордан откри, видеото е снимено на едно од најзначајните духовни места во источниот дел на Македонија.

Принтскрин/ Јутуб

Станува збор за селото Лесново во чија близина се наоѓа Манастирот Св. Гаврил Лесновски, а спотот е снимен во дворот на етно Лесново кај „Тетка Весна”, семејство кое со големо внимание и посветеност ја негува и промовира македонската традиција.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button