Реклама
Новости

Зоофилија во центарот на Скопје

Реклама

Љубчо Георгиевски ќе гради хотел во барокен стил под Kале – па нека гради човекот, подобро да гради отколку да растура, така?

Шеќеринска и Заев се појавија на забава во старо-новиот театар во Скопје и се изложија на критики не само од провладините медиуми туку и од оние што од петни жили се декларираат како независно-опозиционерски настроени, а забораваат дека темелите за старо-новиот театар се удрени токму во времето на Бранко Црвенковски.

Маркетинг

А што ако стариот добар Бране е крив и за Скопје 2014?

Да, Бранко е главниот виновник (како и за сé друго, така можеби и за Скопје 2014), односно човекот кој прв дозволи да се гради театарот. Но, на крајот на краевите, кој го шиша и него и сите „дајнерси“, кога ете театарот е тука, Скопје има нов лик, а ние, што немаме дајнерс,  треба да продолжиме со нашето животарење.

Маркетинг

Но, како?

Па, еве за почеток нека се пресмета бројот на вработени во администрацијата кои се вработиле во времето на „вемерото“, како и сите оние на кои им се допаѓа таквото Скопје кое за жал го плаќаат и оние што немаат ни за леб. Откако ќе се пребројат, за СИТЕ нив наместо да им се дели тринаесетта плата по добиените дванаесет во текот на годината кои ги добиваат обично за џабе (секоја чест на исклучоците!), да се донесе закон и да почне да им се сопира по една плата годишно, во наредните две-три години, се додека не се заврши проектот. Кога може господинот Мијалков да донира 8000 евра што ќе ги добие од „Фокус“ во Домот за деца без родители, можат и нашите административци да донираат по две-три илјади евра кога се работи за доброто на цела држава.

{youtube}SbyAZQ45uww{/youtube}

Па, нели се патриоти?

Ако според некои опозиционерски математики, Скопје 2014 го чини секој граѓанин на оваа наша кутра земја околу 2000 евра, тогаш овие 50.000 административци (кои нели земаат плата за која што сите плаќаме даноци и се многу возбудени кога се шетаат низ Скопје 2014) и кои се примени на работа преку разно-разни томболи во времето на македонскиот цар Николај Први, нека донираат по една плата годишно, онака партиотски, но не за избори, туку за доградба на тековниот проект, но можеби и за некој нов иден проект.

На ваков начин можеме без проблем да собереме 100 милиони евра, исто онолку колку што Сорос досега потрошил во Македонија, или пак преродбеничката влада на Груевски потрошила за реклами во медиумите.

А што со овие милиончиња?

Е тогаш, кога ќе се соберат парите, нека се инвестира во сите позначајни археолошки наоѓалишта во Македонија и нека се уредат со сите потребни и пропратни елементи за да функцинонираат како вистински комерцијални дестинации (паркинг, ресторани, паркови, занимливости за деца). Ова е одлична идеја за промена, нели? А, ако остане некој денар повеќе, нека се инвестира и во бањскиот туризам, по можност да се средат сите патишта и хотели во близина на најпознатите бањи во Македонија (ова нема никаква врска со пензионерите).

А барокот?

Епа сите оние на кои што НЕ им се допаѓа барокот, или пак новото лице на Скопје 2014, но само поради политичко-лукративни причини (впрочем и Шеќеринска и Заев покажаа дека сакаат да уживаат во тој гламур иако се строго против него), треба да земат во предвид дека избрале сосема погрешна тактика за да дојдат на власт.

Внимавајте на деталите!

Тие веднаш треба да ја сменат тактиката, и на народот наместо да му зборуваат против проектот, кој што за волја на вистината навистина е забеган, треба да му предложат некое друго решение, на пример да се размонтираат спомениците (не сите само некои од нив), и кога веќе сме инвестирале во нив, да се искористат на некој попаметен начин. (Сепак, мораме да признаеме дека нема Македонец, вклучувајќи ги и македонските „дајнерси“ што не сака да се почувствува онака светски и барем за момент да заборави од какво хаотично поднебје доаѓа, за разлика од урбаниот, забеган и по малку симпатичен „хаос“ во центарот на Скопје.)

Нека се отворат јавни дебати, па ако некои споменици се вишок, или ставени на погрешно место, нека се инсталираат во некои градови од внатрешноста. Зошто на пример Ќосето не го стават цо центарот на Тетово, а Скендер Бег или некој друг албански споменик (освен омилениот на Артан Груби, секако) во центарот на Штип?

Супер идеја, нели? Кога можеа на гладно срце да ни инсталираат барок, можат и на полна уста со патриотизам (т.е. локал-патриотизам) да не научат да се почитуваме меѓусебно, впрочем како што и тие самите се почитуваат!

И на крај Алекасандарче да си го инсталираме во Солун како подарок на новокомпонираните Македонци* од Солунско поле,  па да го свртиме коњот на грб што ќе остане во центарот на Скопје и во скутот да му ја ставиме гркинката Елена Тројанска со нејзината бујна и развеана коса. Онака, заради добрососедство, заради ММФ и заради европските вредности!

* Новомакедонци се сите оние „Македонци“ од северна Грција кои во последно време се индетификуваат како такви, а кои, во суштина никогаш не зборувале на македонски јазик и немаат никаква врска со нас.

Робин Худ Џуниор

Фото: Fashion Zoo Animals by Yago Partal

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button