Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Жената Овен е како жив оган и секогаш гледа напред, а минатото го остава зад себе

Реклама

Жената Оган е како жив оган – страствена, импулсивна, бунтовна, слободоумна, самоуверена, забавна, тврдоглава… Таа е бестрашна и е вистински лидер. Родена е да биде на врвот и секогаш е спремна за нови предизвици.

ФОТО: pxfuel.com

Жената Овен е голем оптимист и борец за своите права, но и за туѓите. Таа е голем авантурист и секогаш гледа напред, а минатото го остава зад себе. Како и сите, така и таа има мани, а нејзините најголеми се егоистичноста, преголемата тврдоглавост и љубомората.  Во љубовта сака да презема иницијатива и да биде онаа која ќе ја заведи другата страна, а исто така сака да биде по нејзино. Честопати е магнет за мажите, затоа што ја доживуваат како многу интензивна и мистериозна, а освојувањето на една жена Овен неретко е вистински предизвик.

На оваа жена не ѝ е нужна романтиката, но сака внимание од партнерот. Таа е помеѓу ретките жени кои може да ги одвојат љубовта и сексот. Понекогаш ѝ е полесно да се изрази сексуално, отколку со зборови. Во сексот се отсликува нејзиниот авантуристички дух – обожава да испробува нови пози и нови места за секс.

Маркетинг

Како и во љубовта, така и во пријателството може да биде како жив оган – во еден момент носи возбудување и хаос, а во друг веќе ја нема. Пријателствата со Овните честопати се интензивни, и иако некои пријателства не траат долго, сепак, оваа жена има и пријатели за цел живот.

Сепак, пријателите понекогаш тешко ја разбираат нејзината независност, а многумина пак знаат да ѝ бидат љубоморни поради оваа карактеристика. Кога излегува навечер, не ѝ требаат многу пријатели, туку само две-три блиски личности кои размислуваат слично како неа и кои се спремни да влетаат во луди авантури.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button