Култура[тор]

ZAZ на голем “open-air” концерт во Белград

Почитувани, музичкиот феномен, гордоста на Монмартр и Париз, светски популарната пејачка ZAZ, на 1-ви Јуни ќе одржи голем концерт во Белград.

Isabelle Geffroy или ZAZ, изрази лична желба да одржи голем “open-air” концерт во Белград, како што вели и самата, поради огромната поддршка која ја добива секојдневно од фановите од овие простори. Локацијата и продажбата на влезниците ќе бидат објавени накнадно после новогодишните празници.

Музичката кариера на оваа феноменална вокалистка, започнува со блуз бендот “Fifty Fingers”, а брзо потоа продолжи со баскиската група “Izar-Adatz”, со кои настапува две години. Следуваат настапи со бендот “Don Diego”, кога едноставно ја користи буквата “Z”. Секако, најголемата промена настанува кога “ZAZ” се сели во Париз и почнува да настапува во барови и кабареа, а најголем успех постигнува во познатиот клуб “Aux 3 Mailetz”, каде “ZAZ” настапува цела година, пеејќи без микрофон!

За целиов овој период “ZAZ” не престанува да настапува на плочникот на легендарниот Монмарт и познатиот боемски плоштад “Place du Terte”, каде својата светска слава стекнале и многу други уметници, како Picasso и Dali. Новата Edit Piaf, како што ја нарекуваат музичките критичари во Франција и Америка, светската слава ја добива со својот дебитантски албум “ZAZ” -2010г, кој за многу кратко време постанува апсолутен феномен на целата планета!!!

Извор: avolon.com.mk

{youtube}UfVk6259K74{/youtube}

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Врати се на првата страна.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button