Ако овие денови се чувствувате осамено, бидејќи немате кон кого да ги искажете вашите посебни чувства, не треба воопшто да се грижите.
Научно е докажано дека пролетта претставува вистинско време за љубов.
Вљубувањето во овој период од годината го поттикнуваат како природните, така и културните фактори, објаснува Џули Олбрајт, професорка на отсекот за социологија на Универзитетот USC. Што се однесува до природните фактори, голема улога играат животинските нагони и временската прогноза. „Како вид ние сме програмирани да реагираме на сексуални сигнали како што се заоблено женско тело или мускулести машки гради. Преку зима температурите се ниски, па луѓето се облекуваат повеќе слоеви облека за да им биде потопло, а надвор излегуваат колку можат помалку. Затоа не само што има помалку шанси за запознавање, туку и потешко се собираат сексуалните сигнали од некој кој на себе е пренатрупан со облека. Со доаѓањето на пролетта таквите работи потполно се менуваат. “ објаснува Олбрајт.
Со добар секс до совршено тело – најдобрите пози за секс според инструкторите по фитнес >>
Што се однесува пак до културните фактори многу парови кои се во лабави и проблематични врски се одлучуваат за заедништво за време на зимскиот период и празниците, како не би биле осамени. Но со почетокот на годината расте и мотивацијата за раскинување, а со доаѓањето на пролетта луѓето се подготвени и за нови врски.