Реклама
Нега и здравје

Вежбите за обликување на задникот кои ги прави Хајди Клум

Реклама

Тајната на успехот е во комбинации на кардио вежби за решавање на вишокот, вежбање со тегови за обликување на најголемите групи на мускули во долниот дел од телото и вежби кои ќе го „нападнат “ глутеусот од сите страни.

Маркетинг

ТРЕНЕРКАТА на супермоделот Хајди Клум, Андреа Орбек ни откри одлични вежби со кои Хајди Клум го обликува својот совршен задник. Тајната на успехот е во комбинации на кардио вежби за решавање на вишокот, вежбање со тегови за обликување на најголемите групи на мускули во долниот дел од телото и вежби кои ќе го „нападнат “ глутеусот од сите страни. Доколку ги додадете овие вежби во вашиот редовен тренинг никогаш повеќе нема да имате проблем со тесни фармерки.

Совет

Три пати во неделата одете на подвижна лента 10 до 15 минути, зголемувајќи го отпорот на неколку минути додека не дојдете барем до 10 отсто. Потоа направете по два сета од секоја вежба без одмор.

Маркетинг

За тренингот ќе ви биде потребна клупа, тегови и растеглива гума за вежбање.

Вежби

Чучњеви на една нога

Застанете право, држејќи ја едната нога потпрена на клупата зад вас. Во рацете држете тегови, па полека спуштајте се кон предната нога додека бутот не ви дојде паралелно со подот. Направете по 20 повторувања со секоја нога.

{youtube}ZEsavfC1Tn4{/youtube}

Butt Exercises, Supermodel Workout, Class FitSugar

Чучњеви со подигање на ногата

Застанете право, со стапалата во ширина на рамењата и со теговите во рацете под рамењата (лактите нека бидат покрај телото). Направете чучањ, а за време на враќањето во почетна позиција подигнете ја во страна десната нога. Повторете го ова по 15 пати со секоја нога.

Стегање

Ставете ја гумата околу нозете, веднаш над колената. Легнете на грбот и свиткајте ги колената, а стапалата поставете ги во ширина на рамењата. Рацете испружете ги на страна и затегнете го задникот додека ги подигате колковите, а колената ги ширите колку што можете повеќе. Соберете ги, спуштете се на подот и повторете ја вежбата уште 19 пати.
Истегање на колковите

{youtube}UzlYURbXym8{/youtube}

Heidi Klum on AOL with Andrea Orbeck – Fit Your Feet for Fitness

Истегнување на колковите

Спуштете се на сите четири, со колената под колковите и дланките под рамењата. Лентата ставете ја над левото колено и под десното стапало, т.е. подигнете ја ногата малку над подот. Истргнете ја десната нога во висина на колковите, а потоа вратете се на почетната позиција. Направете 20 повторувања.

{youtube}xji4ZyxEFMg{/youtube}

Heidi Klum’s Full Body Workout Routine

Сирена

Ставете ја лентата на горниот дел од бедрата и легнете на левата страна со собрани нозе. Колената свиткајте ги во агол од 90 степени, левата рака ставете ја зад главата, а десната на подот. Стапалата подигнете ги во висина на колковите, а колената раширете ги колку што можете повеќе, притоа внимавајќи да не ги раздвоите стапалата. Повтрете го тоа 20 пати.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button