Диети

Бијонсе ја започнува втората веганска диета од 22 дена

Реклама
Реклама

Прекрасната Бијонсе, позната по нејзините бујни облини, буквално ги занеме сите кога се појави на доделувањето на Греми наградите во фустанот на Мајкл Костело со бели и проѕирни делови, а самиот дизајнер изјави дека Бијонсе сега носи величина 2 (САД) или величина 6 (Велика Британија).

Нејзиното драстично слабеење беше заокружено со 22 дневна веганска диета која таа успешно ја спроведе минатиот месец заедно со сопругот Џеј Зи, а сега изгледа сека сака да спроведе уште еден круг од стриктниот режим на исхрана.

Маркетинг

Згодната 32 годишна пејачка стави слика на Инстаграм минатата недела со вегетаријанска протеинска плочка со вкус на чоколадо, здрав путер од кикиритки и парчиња банана. Под сликата на ужинката напиша “22 дена веганка“што значи дека славната Би уште еднаш го прослави успешното завршување на диетата без месо и животински производи.

Маркетинг

Бијонсе, која беше позната по нејзините раскошни облини,успеа да симне неверојатни 32 килограми во текот на изминатите 6 месеци благодарение на вегетаријанската диета што ја спроведуваше на почетокот а потоа и на познатата веганска диета.

Дизајнерот Мајкл Костело кој го направи фустанот на Бијонсе за Греми наградите изјави дека „Фустанот е направен како за кројачка кукла. Помал е од број 4. Бијонсе едноставно е многу малечка“, и додаде „Таа изгледа прекрасно. Навистина ми се допаѓа како сé се вклопи заедно“.

oтвори галерија »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button