Реклама
BEAUTYНега и здравје

За одлично утро и уште подобар ден – навики кои треба да ги стекнете уште денес

Реклама

Утрото е доба кога самите, со своите навики, одредувате каков ќе ви биде претстојниот ден. Без оглед на тоа што ве опкружува, ако сте одморени и полни со енергија, нема проблем кој не ќе можете да го решите. Секако, за тоа треба да имате одредени здрави утрински навики кои ќе ве направат посилни и ќе ве наполнат со енергија и добро расположение.

Чаша вода после будење

Хидрирајте го организмот веднаш по будењето, затоа што не сте пиеле ништо последните шест, седум, осум часови… Додајте си и малку лимон, мед и ѓумбир и телото уште веднаш ќе реагира позитивно.

Истегнување и вежбање

Ова е одлична навика за будење, како на умот, така и на телото. Ако не сте преголем фан на вежбањето, натерајте се макар пет минути да се истегнете, па телото ќе ви биде благодарно.

Маркетинг

Појадок

Најкорисниот оброк во денот треба да го изедете до еден час после будењето и секако треба да биде обилен и урамнотежен. Не излегувајте од дома без да појадувате!

Планирање

Ако сте добро организирани, уште вечерта треба да имате напишано што мора да завршите во текот на денот. После будењето, истегнувањето и појадокот, умот ви е одморен и свеж, па уште еднаш прегледајте ја листата и направете си измени ако сметате дека е потребно.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button