Еве како Македонка носи широки шорцеви од „Страдивариус“ и балетанки од „Ејџ енд ем“
Погледнете ја оваа преубава пролетна комбинација на нашата модна блогерка Сара, сопственичка на блогот sarademode.wordpress.com.
Сара носи шик пролетни шорцеви од Страдивариус во комбинација со кожена јакна од Манго и балетанки од H&M, додека целата комбинација успешно ја заокружи со голема црна чанта со етикетата на DKNY.
Инаку, на блогот на русокосата Сара можете да најдете многу интересни постови, па доколку сакате да видите и други нејзини комбинации кликнете тука. Што се однесува конкретно до овие фотографии, тие се направени во старата чаршија во Скопје, во соработка со нејзиниот пријател Марко чиј блог треба задолжително да го ѕирнете, посебно ако сте љубители на добри фотографии.
Па, дали ви се допаѓа оваа пролетна црно-бела комбинација на Сара?
Доколку сакате да видите и други нејзини комбинации, кликнете тука.