Диети

Диета со компир и јогурт – до 5 килограми помалку за само 3 дена!

Реклама
Реклама

Диетата со компири и јогурт е многу едноставна и дава одлични резултати.

Се држи само 3 дена во текот на кои можете да ослабите дури до 5 килограми. За време на диетата се јадат варени компири и се пие јогурт со ниска масленост. Скробот од компирите заедно со млечната киселина обезбедуваат минимална дневна доза на калории. Кога ќе дојде во контакт со вода, скробот набабрува во нашиот желудник, што ни дава чувство на ситост. Тврдењата дека од компирот се дебели се погрешни (секако тука не мислиме на помфрит!). Компирот содржи витамини и минерали, а поради содржината на влакна го забрзува варењето и работата на цревата. 100 гр. компир содржи само 75 калории, што е помалку од чаша цеден сок од портокал кој содржи 90 калории. Од друга страна, јогуртот ја регулира работата на системот за варење, со што се отстранува вишокот на течности, отрови и други штетни материи од организмот.

Маркетинг

ПЛАН ЗА ИСХРАНА

Маркетинг

Ден 1
Појадок: 1 варен компир без сол, 1 чаша јогурт
Ручек: 2 варени компири без сол, 1 чаша јогурт
Вечера: 2 чаши јогурт
 

Ден 2
Појадок: 1 чаша јогурт
Ручек: 2 варени компири без сол, 1 чаша јогурт
Вечера: 1 варен компир без сол, 1 чаша јогурт

Ден 3
Појадок: 1 варен компир без сол
Ручек: 1 варен компир без сол, 1 чаша јогурт
Вечера: 1 чаша јогурт

Диетата е малку монотона поради тоа што се јадат само варени компири и сол, и исто така е прилично ниско калорична. Не се внесуваат никакви шеќери, а освен јогурт, може да се пие единствено обична вода. Диетата е прилично тешка, но ако успеете да ја издржите, за три дена може да се симнат дури 5 килограми. Потоа ќе заборавите колку била тешка!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button