Реклама
Блогерија

Што носат француските модни уреднички?

Реклама

Погледнете ги комбинациите на најпознатите француски модни уреднички Emmanuelle Alt (главната уредничка на францускиот „Вог“), Capucine Safyurtlu (модна уредничка на францускиот „Вог“) и Geraldine Saglio (главна стилистка и асистентка на Capucine).

Emmanuelle Alt …

Маркетинг

Овие девојки го претставуваат типичниот неодолив париски шарм кој крева прашина каде и да се појави, како на улиците така и по магазините и модните портали. Тие понекогаш предизвикуваат коментари поради тоа што се премногу слаби, но тие дефинитивно знаат да се носат со својата слаботија, па кај нив недостатокот од килограми воопшто не паѓа во очи.

Маркетинг

Emmanuelle …

Но затоа не може да помине незабележан нивниот стил и начин на облекување, карактеристичните модни парчиња како кожени панталони, цигара панталони (Емануел), црни фармерки, сиви испрани фармерки, но и бели кошули, кожени јакни, блејзери, бели фармерки, сандали, чизми, балетанки…

Capucine Safyurtlu …

Што заборавивме? Да, заборавивме да споменеме дека овие девојки избегнуваат да носат модни додатоци (очилата за сонце не се додаток, туку се задолжителни), додека на нозете носат исклучително црни стилето салонки, едноставни црни балетанки, оксфортки или сандали.

Geraldine Saglio …

Што се однесува до брендовите, тие најчесто избираат облека со потписот на Изабел Марант, Балман, Задиг и Волтер, Александер Ванг, и тоа токму оние модели слични на кои можат да се најдат во продавниците за улична мода, како Зара, Манго, Бершка и Х&M.

отвори галерија »

Е затоа се прекрасни!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button