Холивуд

Што се случува со Кејт Мидлтон? Погледнете го ова ново необично издание на војвотката

Advertisement

Кејт Мидлтон неодамна ја промени фризурата

Advertisement

Таа ги освои жените од целиот свет со овој чекор од кои многу побараа и од своите фризери да им направат иста фризура. Во меѓувреме војвотката се појави на една свеченост, а во центарот на вниманието беше нејзиниот фустан. Иако на прв поглед станува збор за сосема едноставен крој – кратки ракави, благо овално деколте и должина до под колена, сепак, нејзината тоалета е далеку од сите оние во кои сме ја гледале досега. Имено станува збор за креација од дизајнерот Торнотон Брегази која чини 637 фунти и која што Кејт ја носеше со високи потпетици од Прада, ефектни обетки и мала плико чанта во слична нијанса како и сандалите.

Aко земеме во предвид дека и неодамна се прошета со досега невидено деколте, а претходно и со должина на фустан кој се коси со традицијата, се поставува прашањето дали Војвотката е на добар пат да го промени својот стил или пак, станува збор за само уште една модна авантура надвор од сигурните води во кои досега најчесто ја гледавме?

Advertisement

Што мислите вие?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button