Реклама
MAMAКафе муабет

Среќните луѓе се борци, несреќните луѓе се жртви

Реклама

Постојат луѓе кои и во најтешките мигови може да најдат нешто што ќе ги поттикне да се борат и да останат присебни, но постојат и такви кои дури и во најубавите моменти успеваат да најдат нешто што не им одговара, па да се разочараат.

Среќните луѓе знаат дека животот може да биде тежок, но низ таквите ситуации поминуваат со став на борци, а не на жртви. Тие, за разлика од хронично несреќните, преземаат одговорност и се фокусираат на тоа од секоја несреќна ситуација да извлечат што е можно најдобра лекција. Несреќните себеси се доживуваат како жртва и не се ни трудат да најдат начин да преминат на другата страна.

Маркетинг

Повеќето среќни луѓе веруваат во своите блиски, веруваат во доброто и се отворени и пријателски настроени кон оние со кои се среќаваат. Несреќните не веруваат никому и претпоставуваат дека сите носат зло во себе. Таквиот став им затвора многу врати зад нив, при што не можат да создаваат нови пријателства и да го отворат својот ум.

Несреќните луѓе веруваат дека туѓата среќа е изградена врз основа на нивната несреќа. Не веруваат во добрина и сметаат дека сите оние кои постигнале нешто, го постигнале тоа на нечесен начин. Среќните луѓе знаат дека личната среќа зависи од нив и дека никој не може да им ја украде. Веруваат во неограничени можности и никој не може да ги запре!

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button