Реклама
MAMAКафе муабет

Сакате да ги зближите кучето и вашата мачка? Обидете се со овие совети!

Реклама

Кучињата и мачките се разликуваат карактерно, а доколку сакате да ги зближите да бидат под ист кров, тогаш треба малку да се потрудите (освен ако не сте многу среќни па тие самите да си најдат заеднички јазик). Ако не успевате во оваа мисија, тогаш обидете се да ги следите овие наши совети, кои веруваме дека ќе ви бидат од голема помош.

ФОТО: Unsplash

Не поттикнувајте љубомора

Добро е познато дека домашните миленици се посебно посесивни на вниманието и љубовта од својот сопственик. Ако го галите едното милениче или му купувате играчки, тогаш другото веднаш ќе почне да љубомори. Затоа, водете сметка секогаш да им пружите речиси ист третман.

Зона на приватност

Многу е важно во домот да изберете „неутрална зона“ во која вашето милениче одвреме-навреме ќе може да се прошета само. Кучето и мачката може да спијат на ист кревет, секако, ако за тоа покажат интерес. Но, за почеток на секој обезбедете му посебно катче.

Маркетинг

Опуштете се

Важно е првата средба да помине смирено, за животните да не чувствуваат нервоза. Не дигајте голема возбуда со гестови или пак со гласот, за средбата да биде помалку стресна и за двете домашни миленици.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button