Диети

Слабеење: митови и реалност

Реклама
Реклама

Најверојатно сте пробале многу различни методи за да ја постигнете вашата идеална тежина, но исто така најверојатно не сте ги имале во предвид научните факти за слабеењето. Еве неколку:

Маркетинг

Доколку вежбате во теретана или фитнес центар ќе забележите дека многу од луѓето што вежбаат таму имаат проблеми со тежината. Само мал број од нив сакаат да го развијат телото, да ги обликуваат мускулите, додека повеќето едноставно сакаат да ослабнат и тоа најчесто во многу конкретни делови од телото, како задникот, стомакот, колковите …За жал, целното слабеење не е реалистично. За да се постигне би требало некоја форма на генетски инженеринг или манипулација со хормоните.

alt

Маркетинг

Слабеењето е природен процес и телото ќе се ослободи од маснотиите со комбинација на зголемена потрошувачка на калории (вежбање) и помал внес на калории истомвремено. Крајниот резултат е слабеење на целото тело. Хемискиот состав на вашето тело ќе ја определи брзината со која ќе ги топите мастите. Генетски, телата на жените имаат поголема маса концентрирана во градите, колковите и задникот. Големата загуба на тежина ќе влијае на целото тело, а не само на овие области.

alt

Изненадното или долготрајното слабеење има огромно влијание на производството на хормони што е поврзано со процентот на телесни маснотии. Анорексијата може всушност да предизвика прекин на циклусот кај жените (за жал многу балерини или атлетичарки, на пример, страдаат од аменореја или отсуство на месечни циклуси).

Стресот може да биде причина за добивање на тежина. Хормонот на стрес, кортизол, може да предизвика да сакаме повеќе храна и да не се чувствуваме сити по оброк. Во екстремни случаи на прекумерно лачење на кортизол, може да дојде до т.н.р. Кушингов синдром кој предизвикува дебелеење во горниот дел од телото (посебно лицето, вратот и рамениците). Недоволното спиење е исто така причина за дебелеење, без разлика дали е предизвикано од стрес или од други фактори.

alt

  alt

Тироидната жлезда е виновна за добивање на тежина кога не излачува доволно хормони кои го регулираат метаболизамот. Меѓутоа, тироидната жлезда често се користи како оправдување за добивањето на тежина – повеќето луѓе имаат совршено нормална тироидна жлезда.

Во текот на менопаузата, жените можат да акумулираат повеќе маснотии околу половината отколку на колковите поради хормоналните промени, а и синдромот на полицистични јајници исто така може да предизвика дебелеење во половината.

alt

Единствениот начин за одржување на нормална и здрава тежина е да се следи природниот ритам на телото. Сè што е принудно или вештачко (како работа во ноќна смена, мрсни оброци по излегување, прекувремена работа или прескокнување на оброци) може да предизвика задржување на телесните маснотии, дури иако вежбате во теретана и јадете здраво во текот на неделата.

alt

Сакате секс? Сакате мода? А сеир и рокенрол?
Приклучете се на нашата Facebook страница и сето ова го добивате гратис!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button