Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Скорпиите секогаш играат на се’ или ништо

Реклама

За нив постои или се’ или ништо. Скорпиите се екстремен хороскопски знак и покрај тоа што имаат изразени и негативни страни, тие ќе ве пленат со својата лојалност.

ФОТО: snappygoat.com

Кога станува збор за односите со други луѓе, знајте дека за Скорпиите нема средина. Или ќе бидат подготвени буквално да стават рака во оган за вас или ќе се преправаат дека не постоите. Скорпиите се злопамтила и многу тешко ќе ја поправите својата грешка кај нив. Токму тогаш кога ќе помислите дека тие заборавиле и дека повторно ги имате старите односи, ќе ви ја покажат својата одмазда која одамна ја планирале.

Иако повеќето Скорпии навистина се ладнокрвни, тоа не значи дека емоциите не им се развиени. Нивните емоции се многу длабоки, но мошне добро знаат да ги кријат. Скорпиите се полни со енергија, па внимавајте да не го преминете нивниот праг на толеранција, затоа што ќе доживеете вистинска експлозија.

Маркетинг

Мора да се признае дека Скорпиите сакаат да имаат пари, но во зависност од тоа какви финансиски средства имаат, тие се однесуваат или како просјаци, или како милионери. Во било кој случај – нема да останете рамнодушни на нив!

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button