Некои трпат самотија, некои ја избираат: Проверете во каков тип сингл девојки спаѓате вие
Некои сингл жени се осамени, а некои не се.
Некои имаат односи со мажите кои им одговараат, или кои најмалку им пречат, а некои немаат никакви односи, ниту емотивни, ниту телесни.
Некои трпат самотија, некои секогаш ја избираат. Во кој тип спаѓате вие?
Можеби премногу пребирате, или имате некои нереални, а површни критериуми – го барате совршениот маж кој изгледа баш онака како што вам ви се допаѓа и што ги исполнува сите останати материјални, психолошки и емотивни стандарди.
Не е ни чудо што никогаш не сте го сретнале, бидејќи тој или обично добро изгледа, но е женкар или е нежен, вреден и паметен, но неговиот изглед е неприфатлив. Не можете да се одлучите да ѝ дадете шанса на личност што не е сето она за коешто сте фантазирале, па затоа дури и сте престанале да се надевате дека ќе пронајдете некого.
Девојките што се сметаат за многу атрактивни, понекогаш може да бидат многу несреќни.
Тие се привлечни на еден посебен начин, па затоа и сите ги посакуваат. Постојано им се додворуваат и момци и девојки, па може да се почувствуваат малку изложено, а на моменти и прогонувано. Вие сте убавицата којашто се чувствува ранливо и само сака да пронајде некој сосема обичен и стабилен маж кој ќе ја сака, разбира и покрај кого ќе се чувствува сигурно. Постои голема веројатност дека сте имале грозни искуства со мажите што не можат да ја намалат својата желба, или својата љубомора и посесивност или чувствуваат дека не ве заслужуваат и дека сте премногу добри за нив, поради што ви се одмаздуваат, бидејќи се мразат себеси (како да се љубоморни самите на себе, бидејќи имаат нешто добро и потоа тие самите го губат).
Во секој случај, вашата посебност во мажите го предизвикува најлошото и најпримитивното, па затоа и вие сте станале исплашени, разочарани и огорчени.
Понекогаш имате некоја љубовна врска, бидејќи ги сакате мажите и љубовта, но не сакате врзување и својата слобода ја цените повеќе од што било. Вие сте мета на сите оние кои би сакале да ве видат смирена и заробена, бидејќи не можат да поднесат што некоја жена може да живее како маж и што е потполно задоволна со тоа. Но, вие точно знаете зошто не избирате заедница и партнерство и колку чини вашата слобода и вашиот начин на живот и не ви е грижа што мислат другите. Можеби нема да останете сами или ќе имате една од оние долготрајни врски со соодветен партнер, што нема да ве попречува во вашите амбиции бидејќи никогаш нема да премине на следното ниво, односно никогаш нема да се одлучите да започнете да живеете заедно, а за деца и брак воопшто нема ни да размислувате.
Дознајте кои хороскопски знаци се непоправливи флертувачи>>>
Едноставно, ќе се забавувате како да сте тинејџери и сите околу вас може да се чудат и да се запрашуваат како вие можете да бидете толку младолики и задоволни со себе. А, можеби и ќе немате таква љубовна врска, но ќе имате многу пријатели на разни страни од светот, со кои ќе можете да ја поделите целата ваша љубов и приврзаност за која има место во вашиот возбудлив и исполнет живот. Сметате дека сте дали сѐ што можете и можеби во таа врска толку многу сте се потрошиле што повеќе немате ни што да дадете, или пак токму спротивното, толку многу сте се исполниле со љубов што тоа ќе ви потрае до крајот на животот и сега сте затвориле еден животен круг и сте отвориле друг. Ги запознавате предностите на вашата самотија, и сега сакате да се посветите на себеси, но и на другите во ваша близина на начин кој досега ви бил непознат, низ активности со кои досега не сте се занимавале.
Сега имате време за сите оние работи, кои не се дел од партнерскиот однос и кои сте ги прифатиле како ваш нов животен стил. Можеби тоа е единствениот начин за да останете живи, прибрани и нормални.