Реклама
Секс

Што е сексот? (Vol.1)

Реклама

Вие за сексот знаете апсолутно сé, но замислете си што би било да по некоја случајност сте се родиле во времето кога не постоел интернет, DivX, torrent, CD-а од ’Смоквините листови‘, па дури ни порничи на видеокасети?!

Маркетинг

И целото свое знаење да сте го собрале од старците, учителките, поповите и слично…

Маркетинг

Како да станете неодолив/а?

alt

За да бидете привлечен/а и неодолив/а на другите луѓе, а посебно на спротивниот пол, морате коската од мртва и распадната хиена да ја прелиете со чисто злато. Кога ќе се исуши – заврзете ја за десната рака (“Kama Sutra”, Mallanga Vatsyayana. 3век)

Кууул! Но, сето ова би одело побргу кога би го прескокнале оној дел со коската и фино би си ја позлатиле десната рака. Всушност, кој пак во денешно време може да пронајде жива хиена, а не пак мртва?! Замислете само колку луѓе би сте привлекле наоколу ако се шетате со златна рака! Но внимавајте љубената/ љубениот да не ви ја отсече додека спиете.

Сакате поголем?

alt

Ако сакате да го зголемите пенисот, згмечите скакулци кои живеат на дрвата, па намачкајте си го со таа смеса. После тоа мачкајте со улје десет ноќи по ред, па повторно со згмечени скакулци. Правете го тоа континуирано, се додека на ’екстремитетот‘ не се создаде поголем оток. Тогаш легнете на мрежеста лежалка помеѓу две стебла, пробушете дупка, низ неа провлечете го пенисот и размислете како да го изладите за да ви помине болката. Отокот со гаранција ви останува за цел живот. (“Kama Sutra”, Mallanga Vatsyayana. 3век)

Алтернатива: легнете на земја со раскопчани панталони и намачкајте се со мед и ете ги пчелите за неколку секунди! А дури отокот: пенисот можеби нема да нарасне во должина, но со сигурност ќе набрекне десетина сантими во опсег. А научниците и онака тврдат дека за женското задоволство ширината на машкиот полов орган е поважна од должината!

Готвење со тивок оган

alt

Првите три дена после венчањето, брачниот пар треба да спие на подот, да апстинира од секс и да јаде незачинета храна, Сопругот мора за тоа време во целост да ја игнорира сопругата. После тоа, полека треба да ú се ’вовлекува‘, па да ú скокне и ја налегне. (“Kama Sutra”, Mallanga Vatsyayana. 3век)

Ова е доказ дека луѓето воопшто не еволуирале од 3-иот век па наваму. Денешните младенци навистина спијат на подот најмалку три дена (бидејќи се сиромашни) и воопшто не јадат (бидејќи не можат да се отрезнат), а потоа младожењата го фаќа мамурлук, па сфати за кого се оженил и падне во депресија и не комуницира со младата невеста. Кога се помири со факатот дека си потпишал доживотна казна, не му преостанува ништо друго освен да се фрли на работа!

Оргазам на конец

alt


Во случај да сакате потомци, вие и вашиот партнер морате заедно да свршите додека водите љубов. Меѓутоа, проблемот се создава ако мажот боледува од прерана ејакулација. Тогаш жената мора да му врзи конец околу тестисите – и тоа во цврст чвор (слепечки, што би рекле по наше). Во моментот кога ќе почне да свршува, се одврзува чворот како би се пуштила спермата надвор. И сето тоа треба младата невеста треба да го прави во потполн мрак и да биде многу вешта да не го повреди својот Аполон. (“Le medicine partinenti alle donne”, Giovanni Marinello, 1563).

Каква е таа глупост, жената да мора да сврши за да остане трудна?! Колку од нив имаат затруднето, а воопшто да не ни сеќаваат дека имале сексуален однос! Но, ако немате пари за куртони, тогаш фино заврзете си го конецот околу тестисите и добро затегнете. Или пак купете пола кило лигни и препуштете ú се на фантазијата.

Микровални материци

alt


Мажите кои имаат долг пенис, мора да изберат висока жена за сопруга, затоа што спермата поради должината на органот им се лади, а високите жени имаат долга материца која сперматозоидите ќе ги одржува топли во текот на нивното патување. (“Le medicine partinenti alle donne”, Giovanni Marinello, 1563).

Ете! Затоа ниските мажи имаат високи жени и обратно!

Синовите излегуваат од десниот тестис

alt

Проверете дали вашата драга е девица (но не хороскопска), така што ќе ú дадете да изеде иситнет Лилјан. Ако не е, веднаш ќе оди да мочка! (“De secrtis mulierum”, псевдоним за Свети Алберто Велики, 1478.)

É! А пак доколку во фрижидерот има тони сладолед и пакети путер од кикиритки, ќе поцрвенее ако ја споредите со Jenna Jameson и ќе дознаете дека е анална курва!

Вратете ја изгубената невиност

alt

Невиноста можете итно и бргу да ја вратите ако иситнете лешник, костен или орев, па тој прав да го ставите во вагината, Хименот со гаранција ви е вратен! (“The Book of Women’s Love and Book of the Regimen of Women: Sefer Ahavat Nashim”, англиски превод на сефардскиот манускрипт од 13 век). 

А кому воопштому е потребна невиноста?! Колку подолго сте во оптег – толку подобро! Ако сте амбициозни, под итно снимете домашен порнич и станете славни.

Изметот од птица е афродизијак

Ако пред сексот го намачкате пенисот со измет кој што го испуштила егзотична птица во лет, вашата сакана никогаш повеќе, до крајот од животот, нема да погледне друг маж! (“Ratimanjari”, санскритски ракопис од 15 век).

Се уште не сме слушнале дека некој ’наденал‘ типка смрдејќи на птичји измет, но сега ни е јасно како се проширил H5N1.

alt

Сакате секс? Сакате мода? А сеир?
Приклучете се на нашата Facebook страница и сето ова го добивате гратис!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button