Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Со своите женски оружја, шарм и привлечност, жените Близнаци добиваат се’ што сакаат

Реклама

Дека на нив никогаш не им е доста од љубов, сведочи и податокот дека се венчаваат дури и во старечки домови, повеќе отколку припадниците на другите хороскопски знаци.

ФОТО: nohat.cc

Жената Близнаци е навистина фантастична: забавна, друштвена, магична и провокативна. Не е вообразена, но и нема многу интерес за долго љубовни врски. Непредвидлива е и својата друштвеност и љубезна маска може брзо да ја замени со онаа дистанцираната и арогантна. Од потенцијалниот партнер бара ментална компатибилност за да биде заинтересирана, затоа што оваа дама не дозволува физичка блискост со некој кој не е способен да ја предизвика интелектуално.

Карактеристично за оваа жена е што изгледа најмладолико од сите жени во Зодијакот. Интелектуално е љубопитна, комуникативна е, духовита, грижлива. Жената Близнаци е прилично модерна личност. Не постои отворање на изложба, премиера на филм, значаен собир, кој би можела оваа жена да го пропушти. Близнаците имаат непрекината желба да научат нешто ново, а промените им се многу важни за нивниот живот и за нивниот психички развој.

Маркетинг

Оваа жена е подготвена да ги употреби сите женски оружја, својот шарм и привлечност, за да го добие она што го сака! Со оваа жена партнерот не мора да размислува, зашто може да ѝ се препушти во нејзината доверба и да добива корисни совети. Жената Близнаци во другите го буди разиграното дете. Со неа не постои баналност, затоа што на се’ умее да даде смисла!

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button