Реклама
MAMAРецепти

Вистински есенски десерт: Рецепт за пита од круши и јаболка

Реклама

Меѓу другото, есента е одлично време за испробување нови десерти од кои ќе замириса целата кујна. Денес ви прикажуваме еден одличен рецепт за вкусна пита од круши и јаболка која вам и на вашите најмили ќе ви пружи вистинско уживање.

Потребни состојки: 

Маркетинг
  • 6 зелени јаболка, излупени и исчистени од срцевина
  • 5 круши, излупени и исчистени
  • 2 лажици сок од лимон
  • 140 грама шеќер
  • 50 грама кафеав шеќер
  • 1 лажичка брашно
  • 1 лажичка цимет

Потребни состојки за кремот:

  • 100 грама брашно
  • 100 грама овес
  • Половина лажичка цимет
  • 200 грама кафеав шеќер
  • 110 грама путер
  • 1 лажичка екстракт од ванила

Начин на подготовка: Најпрво загрејте ја ринглата на 175 степени Целзиусови. Во голем сад за измешајте ги јаболката, крушите и сокот од лимон. Во помал сад измешајте го обичниот и кафеавиот шеќер, брашното и циметот. Со оваа смеса поросете ги јаболката и крушите. А смесата турете ја во тава во еднакви слоеви. Во голем сад, измешајте ги овесот, брашното, циметот и кафеавиот шеќер, а врз нив турете смеса од путер и ванила и мешајте додека не се изедначи смесата. Смесата турете ја врз микстурата од јаболка и круши. Печете околу 40-45 минути или додека не добие златна боја. Се сервира топло, а дополнително, по ваша желба можете да додадете сладолед, карамел сос или шлаг пена.

Маркетинг

Уживајте!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button